МЕДИА ЦЕНТАР

Прес на УМС на ВМРО-НП (27.04.2012)

 

Колкав е профитот од продажбата на кокаин кој завршува во редовите на власта ?

Почитувани,

ВМРО-Народна партија го поздравува признанието на директорот на полицијата дека во Република Македонија има мафија.

Го прашуваме премиерот, а воедно и директорот на полицијата да одговорат дали бројот на нарко зависници од хероин е двојно зголемен во изминатите 6 години?

Истотака ги прашуваме кај кого завршува годишниот профит кој е околу 100.000.000 евра годишно од продажба на хероин и уништување на млади животи.

Дали зголемениот број на нарко зависници коренспондира со грижата за младите кај Груевски?

Нека се изјасни премиерот што превземал во овие 6 години и што планира да превземе за да се намали овој сериозен и загрижувачки феномен, бидејќи најголемиот дел од младите ја напуштија државата поради лошата економска состојба, дел од оние што останаа посегнаа по дрогата.

Не е коректно кон граѓаните да се мафтосуваат со наводни успеси на полицијата и фаќање на десетина или дваесет килограми хероин кога наједноставните анализи укажуваат дека во Македонија годишно се трошат повеќе од три ипол тони хероин.

За крај потенцираме дека целосно се согласуваме со признанието на директорот на полицијата дека во Македонија има мафија, но нагласуваме дека во првиот момент на партиципација на нашата партија во власта ќе расчистиме и со мафијата но истотака и со оние коишто ја штителе или пак директно или индиректно ја помагале.

 

 


Објавени кандидатите за пратеници во 7 изборни единици за престојните предвремени парламентарни избори 2011 год.

 

Изборна едница бр.1

1. Влатко Андоновски

2. Саво Ашталкоски

3. Билјана Апостолова

4. Александар Харбов

5. Цена Митревска

6. Роберт Настев

7. Душан Велкоски

8. Драганчо Ангелески

9. Александра Богданова

10. Дејан Бојаџиевски

11. Киро Алексоски

12. Александра Велкоска

13. Ратко Зафироски

14. Јован Крстевски

15. Сања Богданоска

16. Васко Алексовски

17. Кирил Крстевски

18. Маја Здравковска

19. Стојче Цветановски

20. Филип Решковски

Изборна едница бр.2

1. Љупчо Балкоски,

2. Слободан Близнаковски,

3. Елизабета Симоновска,

4. Благојче Вељановски,

5. Марјан Јовевски,

6. Марија Јанкова,

7. Дијана Тренчевска,

8. Стево Павлески,

9. Благојче Мирчевски  

10. Фросина Фидановска,

11. Стево Насковски,

12. Симона Петровска,

13. Анета Сековска,

14. Кристина Симоновска,

15. Драган Димитровски,

16. Катерина Зафировска,

17. Љубиша Стојановски,

18. Игор Стоилевски,

19. Игор Алексовски,

20. Невзат Рамановски,

Изборна единица бр.3

1. Марјан Додовски,

2. Валентина Делиманчева Андреева,

3. Зоран Костовски,

4. Љупчо Стојилков,

5. Перо Митревски,

6. Лидија Догазанска,

7. Тони Јанев,

8. Сотир Јосимовски,

9. Александра Бојковска,

10. Виолета Лазареска,

11. Андреја Блажев,

12. Зоран Неделковски,

13. Љубица Јовановска,

14. Елена Велкова,

15. Игор Симеонов,

16. Тони Иванов,

17. Гордана Боболинска,

18. Видослав Трајковски,

19. Деспина Коцева Панева,

20. Сузана Ацкова,

Изборна единица бр.4

1. Миле Јакимовски,

2. Ристо Пецев,

3. Светлана Велеска,

4. Звонко Каров,

5. Златка Стамнова,

6. Гоце Кантаровски,

7. Душан Водасов,

8. Натка Лазарева – Симовска,

9. Мите Ангелов,

10. Марија Белмезова,

11. Венко Сидороски,

12. Ристо Киров,

13. Елизабета Јосифова,

14. Драганчо Лазаровски,

15. Никола Караиванов,

16. Катерина Димчева,

17. Лазар Ѓорѓиев,

18. Сузана Богоева,

19. Ристо Христов,

20. Гале Василев,

Изборна единица бр.5

1. Љубчо Георгиевски,

2. Ванчо Костоски,

3. Валентина Талевска,

4. Горан Невеновски,

5. Гоце Јакшовски,

6. Костадинка Наумоска,

7. Анѓелко Пешиноски,

8. Илија Топалоски,

9. Емилија Котевска,

10. Горан Ангелоски,

11. Кире Климески,

12. Павлина Сајческа,

13. Драге Џамбазовски,

14. Бобан Крстески,

15. Мирјана Костеска,

16. Томислав Кузманоски,

17. Наум Котески,

18. Јасмина Пусоска,

19. Јовче Кусаковски,

20. Целе Тошески,

Изборна единица бр.6

1. Драган Давидовски,

2. Горан Лотески,

3. Данка Јаќимовска,

4. Стевица Саркоски,

5. Стефко Веселиновски,

6. Зорица Бојчева,

7. Маја Велјаноска,

8. Блаже Штерјоски,

9. Борче Брајковски,

10. Мирко Лазаревски,

11. Тања Николовска Михајлоска,

12. Јовица Симјаноски,

13. Горан Тодоровски,

14. Дијана Богоевска,

15. Среќко Мисајловски,

16. Оливера Богоеска,

17. Игор Димовски,

18. Кристијан Петровски,

19. Виолета Попандонова,

20. Дино Блажески,

Изборна единица бр.7

Николчо Колев


Објавени носителите на изборни листи и слоганот за престојните предвремени парламентарни избори

ВМРО- НП денеска ја објави листата на носители за шестте изборни единци на предвремените парламентарни избори на петти јуни. Исто така, на денешната прес конференција беше најавен слоганот под кој ќе настапи партијата, а тоа е „Тука сме да ја кренеме Македонија на нозе“.

  1. ИЕ-1 Влатко Андоновски, професор на Шумарскиот факултет,
  2. ИЕ-2 Љупчо Балковски, поранешниот министер за транспорт и врски
  3. ИЕ-3 Марјан Додовски, Претседател на ВМРО-НП
  4. ИЕ-4 Миле Јакимовски, Генерален секретар на ВМРО-НП
  5. ИЕ-5 Љубчо Георгиевски, Почесен Претседател на ВМРО-НП
  6. ИЕ-6 Драган Давидовски, член на советот на Општина Тетово.

ДЕКЛАРАЦИЈА За Евро-атлантска интеграција на Република Македонија

Во пресрет на претстојните предвремени парламентарни избори, со цел остварување на стратешките интереси и определби на Република Македонија, пред се градење на позиции за Евро-атлантска интеграција на Република Македонија, политичките партии во Република Македонија ја потпишуваат оваа

ДЕКЛАРАЦИЈА

За Евро-атлантска интеграција на Република Македонија

Политичките партии јасно ја декларираат својата определеност за стабилност, демократија и просперитет на Република Македонија;

Политичките партии свесни за историската важност на овој момент за македонските Евро-атлантски аспирации, со цврста заложба за надминување на теснопартиските интереси и меѓупартиските несогласувања, целосно се посветуваат на исполнувањето на условите и критериумите за влез на Република Македонија во НАТО и ЕУ;

Политичките партии со потпишување на оваа Декларација, јавно ги информираат граѓаните на Република Македонија дека од нив го бараат мандатот за затворање на процесот на преговори со Република Грција, со решавање на проблемот поврзан со името, а се со единствена цел итно интегрирање на Република Македонија во ЕУ и НАТО структурите;

Согласно оваа Декларација, партиите кои ќе ја формираат  следната Влада на Република Македонија, добиваат мандат да го затворат проблемот со Грција во најбрз можен рок;

Согласно ова Декларациија, партиите кои ќе останат во опозиција, ја преземаат обврската да дадат целосна подршка и согласност на решенито на новата влада на Република Македонија;

Со потпишување на оваа Декларација, истата ќе претставува документ, кој ќе претставува замена за потребата од било какво референдумско изјаснување, а политичките партии ја преземаат одговорноста пред граѓаните на Република Македонија, дека прашањето поврзано со преговорите со Република Грција ќе биде затворено со политичка одлука.

 

Скопје, 10 април 2011година


Покана за прес конференција на ВМРО-Народна партија

Почитувани,
ВМРО-Народна партија, на 18.03.2011 година (петок), со почеток во 13:00 часот, во седиштето на партијата, ќе одржи прес конференција.
Тема на прес конференцијата ќе биде ставот на ВМРО-Народна партија по повод состојбите во здравството во Република Македонија, а посебно најавите на министерот за здравство, Бујар Османи за идентичен здравствен третман на граѓаните на Република Македонија, со граѓаните на Косово.
Прес конференцијата ќе ја води м-р Миле Јакимовски, Генерален секретар на ВМРО-Народна партија.
Со почит,
Кабинет на претседателот на ВМРО-Народна партија


Страна 10 of 13« почетна...5...89101112...последна »