МЕДИА ЦЕНТАР

Коце Трајановски- заштитник на нелегалното работење

Почитувани,

Владеачката гарнитура на ДПМНЕ со години константно се богати врз грбот на сопствените граѓани, посегнувајќи и по она малку што останало во нивните џебови со кое тие врзуваат крај со крај во месецот.

 

Целта на денешната пресконференција е да ја запознаеме јавноста со нелегалното  работење на ЈП Паркинг-општина Центар штитено од  скопскиот градоначалник Коце Трајановски кој веќе подолго време замижува пред очевидните неправилности во работата на ова Јавно претпријатие и намерно не испраќа инспектори за сообраќај.

 

Имено, ЈП Паркинг – општина Центар бесправно стопанисува со парикинзите во центарот на град Скопје и притоа неовластено прибира огромна сума на пари од граѓаните.

 

ЈП Паркинг – општина Центар ги нема потребните дозволи за работа од град Скопје што е евидентно од одговорот на Секторот за сообраќај на град Скопје (кој што јавно ви го презентираме) и со тоа врши класична кражба и рекет на сопствените граѓани под закрила на Коце Трајановски.

 

Го повикуваме Коце Трајановски јавно да ги презентира дозволите за работа на ЈП Паркинзи – општина Центар, а доколку истите не постојат го прашуваме градоначалникот Коце Трајановски зошто молчи за очевидниот криминал, и притоа соучествува во ,,рекетирањето“ на Скопјани.

 

Дали молкот од страна на Трајановски е поради вработувањето на огромниот број партиски војници од ДПМНЕ во ова нелегално Јавно претпријатие пред локалните избори.

 

Им укажуваме на граѓаните дека плаќајки го затвореното и зонското паркирање на паркинзите со кои стопанисува ЈП Паркинг- општина Центар директно придонесуваат кон неосновано богатење на владеачката гарнитура бидејќи ова Јавно претпријатие работи без дозволи и апсолутно неовластено ги прибира парите на граѓаните, па затоа ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА апелира до Јавното Обвинителство согласно своите законски овластувања да преземе мерки кон директорката Маргарита Бакев и истата да биде изведена пред лицето на правдата и кривично да одговара за своето криминално дејствување.

ОДГОВОР НА СЕКТОР СООБРАЌАЈ ПРИ ГРАД СКОПЈЕ

 

  1. 1. Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај за паркинг ,,Општина Центар“

– Одговорено – веќе има издадено решени на ЈП Градски паркинг

 

  1. 2. Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај за паркинг ,, Дом на градежници“

–  Одговорено – веќе има издадено решение на ЈП Градски паркинг

 

  1. 3. Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај за паркинг ,,Мито Хаџивасилев Јасмин“

– Одговорено- веќе има издадено решение на ЈП Градски паркинг

 

  1. 4. Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај за паркинг ,,Трготекстил“

– Одговорено- веќе има издадено решение на ЈП Градски паркинг

 

  1. 5. Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај за паркинг ,,Соборен храм“

– Одговорено- веќе има издадено решение на ЈП Градски паркинг

 

  1. 6. Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај за паркинг ,, Министерство за надворешни работи“

– Добиена согласност – МВР не се согласува

 

  1. 7. Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај за паркинг ,,Корчагин“

– Добиена согласност- МВР не се согласува

 

  1. 8. Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај за паркинг ,,Капиштец“

– Има позитивна согласност од МВР, но треба да се корегираат забелешки за да се издаде решение

 

  1. 9. Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај за паркинг ,,Фонд за здравство“

– Добиена согласност – МВР не се согласува

 

  1. 10. Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај за паркинг ,, Мито Хаџивасилев Јасмин“

– Повторно испратено од страна на Општина Центар – еднаш веќе одговорено

 

 


Заборавениот „НОВ БРАН“ на ДПМНЕ

 

Почитувани,

Владеачката партија ДПМНЕ секогаш кога треба да го оттргне вниманието на граѓаните од своите неодговорни и штетни одлуки кои ни донесоа само сиромаштија и мизерија, поскапувања и задолжувања, невработеност и пропаст на индустријата и стопанството, смислува и бомбастично најавува проекти со чудни имиња. Така  и  НОВИОТ БРАН   како популистичка реклама и предизборна кампања уште пред да се разбранува  го снема.

 

Дали е награда или казна замената  на  директорската фотеља  на Г-динот Горгиевски од  Агенцијата за катастар и недвижности  во Агенцијата за државни патишта?! Очигледно е добар СУРФЕР и брановите не му се проблем, па тој останува на врвот.

 

Прашуваме дали ЕЛЕМ има или нема директор?!.Или  пак Г-динот Влатко Чинговски е незаменлив зошто има големи познавања и е експерт за тргување со струја, разни зделки и нелогични постапки кога станува збор за  ЕЛЕМ, РЕК Битола и слично?

 

Наместо искусен  дипломат за амбасадор во Хрватска владеачката ДПМНЕ  ја испрати сопственичката на “Панада” Даниела Караѓозова, па сега објави “ко божем” конкурс за “наводен” избор за нов претседател на УЖ. За нив, ваквите постапки претставуваат  НОВ БРАН.

 

Со секојдневното распишување на конкурси за вработувања, за функции во власта и во партијата, ДПМНЕ  покажа дека професионалноста, стручноста и искуство нималку не и се важни, туку тоа претставува  зајакнување на семејната лоза на високи функции како во администрацијата така и во партијата.  Со вакви постапки владеачката партија го потврдува својот стил на работење познат како популизам и непотизам.

 

Нивниот БРАН  не  зафати ниту еден  актер со главна улога во приказната, туку само оние кои имаа мали и споредни улоги.  Тоа беа неколку директори на Основни училишта и Градинки , како и неколку претседатели на нивните ОК,  кои се само резултат на растурено  трио  на ДПМНЕ, во дадени општини . Па така заминаа само оние кои не беа  послушници и извршители на барањата и желбите на градоначалниците и пратениците од власта.

 

А можеби БРАНОТ придонесе во ДПМНЕ да  почуствуваат  недостиг од  квалитетни кадри за замена, па мораше  да купуваат нови кадри од опозицијата!

 

Функционерите на ДПМНЕ не, но  граѓаните ги зафати и тоа ГОЛЕМ БРАН од поскапувања на струја, парно, храна, огрев, горива и сл.

 

 

 


На власта и се помили тендерите или децата на бранителите ?

 

Каде сте сега патриоти од ДПМНЕ ?

Униформирани офицери од АРМ се поклонија  и им положија цвеќе на борците од УЧК!

Армиски офицери од генералштабот и делегација од владата положија цвеќе на спомен обележјето на борците од УЧК, а не најдоа време да отидат на Карпалак, да оддадат почит на Бранителите!

Го повикуваме претседателот на Р.Македонија  Ѓ.Иванов како врховен командат на вооружените сили, а воедно и генералштабот да не молчат туку  јавно да го изнесат својот став по повод вчерашната посета на армиските офицери на спомен облежјето на УЧК, и притоа отворено го прашуваме претседателот дали можеби тој како врховен командат дал наредба армиските офицери заедно со делегација од владата да се поклонат пред споменикот на УЧК.

Претседателе Иванов, кажете јавно, што Ви е помило? Дали почитта кон бранителите, или тендерското братство и  единство на ДПМНЕ со ДУИ?

Почитувани господа од ДПМНЕ престанете да говорите за патриотизам, бидејќи докажавте дека сте  бедни манипулатори на сопствениот народ!

 


Интегрален текст од прес конференцијата 08.08.2012

Почитувани,

Граѓаните на Република го почуствуваа новиот бран на поскапувања на парно,
нафтени деривати, храна, а од сега натаму ќе се плаќаат зголемени сметки за
струја.

Бидејќи ефтина тарифа во текот на денот ке нема,своите секојдневни обврски
и животни потреби од типот на готвење,одржување на хигиена и слично,
граѓаните ќе можат да ги реализираат од 22 часот (навечер) до 07 часот (наутро)
или во недела како во некое минато време.

Принудени да се обидат барем малку да ги ублажат последиците од високите
сметки за струја со тоа што ќе направат промена на двотарифниот модел во
еднотарифен, а со цел да можат да ја користат средната цена на струја, како
помало понудено зло.

 

 

Во цената за електрична енергија која што власта јавно ја објавува како
најефтина во регионот, не е вклучена т.н. ангажирана моќност од 33 % која
граѓаните редовно ја плаќаат со секоја сметка. И покрај се ДДВ не се плаќа на
потрошената електрична енергија, туку на вкупниот износ во кој се вклучени и
тие 33 %.
ВМРО-Народна партија од регулаторната комисија за енергетика бара:

1. На близу 500.000 иматели на електрични броила да им се овозможи
промената на тарифниот модел да го направат без да платат надомест
кој чини приближно 20 евра, што значи и од онака празните џебови на
граѓаните да не бидат испумпани околу 10 милиони евра.

2. Бараме да се откажат од наплатата на 33 те % ангажирана моќност за
користење на електрична енергија барем за оние корисници кои ке
останат на двотарифниот модел, ако се земе во предвид дека ефтината
струја ќе може да се користи само ноќе кога нема поголема ангажирана
моќност бидејки системот тоа го дозволува.

Дали регулаторната комисија за енергетика е под силен притисок на Владата
и ваквите одлуки ги носи на нејзино барање со цел да помогне во полнење на
празната државна каса?

Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ барем еднаш да се обиде да ги заштити граѓаните
од нелогичните, неуставните и недемократски одлуки на Владата и да се
спротистави на бранот поскапувања или доколку се согласува со поскапувањата
нека излезе јавно да појасни, зошто !?

На крај би сакале да ве информираме дека имаме неофицијални сознанија
дека ЕВН до своите подрачни единици доставиле препорака да не ги прифаќаат
барањата за промена на тарифниот модел кој овозможува граѓаните да бидат
корисници на електрична енергија со средна цена.Конкретнава информација во
моментов пристигна и од Делчево.


Непринципиелниот однос на МТВ

Почитувани,

 

ВМРО-Народна Партија, на сите грѓани на Република Македонија им
го честита големиот празник, Илинден. Ја повикуваме владеачката партија на
овој и ваков, најголем наш празник, да се воздржи да не го дели народот на
предавници и патриоти!

Претпоставуваме дека, од Националната МТВ и овие наши срдечни
честитки ќе бидат игнорирани, како и сите досегашни наши активности! Во
духот на нивната непрофесионалност и неодговорност, само да потсетиме?
За време на изборната кампања на последните парламентарни избори
Националната телевизија не може од технички причини да реализира ТВ дуели
на МТВ1, а во исто време, на МТВ2, без никаков проблем да се одвиват.
Што ни се случува денес… Во ударен термин на главните вести на МТВ, како
главна вест да се пласира информација дека одреден пратеник од владеачката
партија донирал шаховска табла, домина и карти, а во исто време во истиот
ден се промовира автобиографска книга на поранешен премиер на Република
Македонија и истото од Националната МТВ во потполност да се игнорира е
крајно недозволиво.

Го прашуваме Директорот дали МРТВ е национален сервис или е
претворена во МРТВ-ДПМНЕ?

Нас, од ВМРО-Народна Партија, не провоцирате и ве молиме конечно
да се вразумите. МТВ ниту е приватна телевизија, а уште помалку треба да
биде владин сервис. За жал, владеачката партија ја има претворено во обична
маркетнинг агенција. Нејзината основна цел, како Национална телевизија,
формирана од страна на Собранието на Република Македонија е објективно и
навремено информирање на граѓаните? МТВ сите ние ја плаќаме!


Страна 5 of 13« почетна...34567...10...последна »