Настани

Честитка по повод денот на основањето на ВМРО-Народна партија

На сите членови и симпатизери, ВМРО – Народна партија им го честита 4-ти Јули ден на основање на партијата, со цел за понатамошна успешна реализација на политичката програма, како и реализација на зацртаните цели предвидени со платформата во рамки на сите програмски документи. Остануваме доследни на овие цели, доследни на демократијата, доследни на визијата и доследни на Македонија!


Митинг на ВМРО-НП во Скопје

ВМРО-Народна партија го најавува својот митинг во Скопје, Т.Ц. Бисер – Аеродром, на   01.06.2011 во 21:00 часот и ги поканува членовите и симпатизерите на партијата да присуствуваат на митингот. Со слоганот ТУКА СМЕ ДА ЈА КРЕНЕМЕ МАКЕДОНИЈА НА НОЗЕ, на митингот  ќе се обратат почесниот претседател на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски.


Завршен митинг на ВМРО-НП во Штип

ВМРО-Народна партија го најавува својот завршен митинг во Штип на 03.06.2011 во 20:00 часот на Градскиот плоштад “Слобода” и ги поканува членовите и симпатизерите на партијата да присуствуваат на митингот. Со слоганот ТУКА СМЕ ДА ЈА КРЕНЕМЕ МАКЕДОНИЈА НА НОЗЕ, на завршниот митинг ќе се обрати почесниот претседател на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски ..


Почесниот претседател на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски одржа трибина во Богданци

Според него наликуваме на држава затвор во која за да го покори владата го казнува својот народ.

„Во овој момент има 3 илјади граѓани на Република Македонија кој се осудени со казна затвор меѓутоа не можат да одат да ја ислужуваат својата казна затвор затоа што затворите се преполни. Во овој момент 200 илјади граѓани се на дадени на суд заради прекршочни пријави од типот плукнале, фрлиле цигара, запалиле цигара, земале песок од реката немале лиценца, истовариле дрва пред куќата, а тоа е казна од 500 евра“, рече Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО – Народна партија.

Според Георгиевски дојде време проблемот со името конечно да се реши, да се симнат маските, да престанат манипулациите со народот и лажниот патриотизам.

„Нема поголем патриотизам од тоа да падне оваа граница да можете слободно без пасоши да патувате, да се движите, да разменувате искуства, бизнис, трговија, разговор со македонците од другата страна, тоа е македонската цел, тоа е македонскиот патриотизам и ние сметаме дека веќе немаме време за чекање на тоа поле“, додаде Георгиевски.

Георгиевски потсети на времето кога тој беше премиер, а Македонија успешна приказна и сега може да биде рече тој, но не со оваа влада која постојано го осиромашува народот и ја задолжува државата.


Средба на Почесниот претседател на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски и Претседателот на ВМРО-НП Марјан Додовски со Амбасадорот на САД во Република Македонија Филип Рикер

Според Георгиевски амбасадорот Рикер јасно порачал дека очекува изборите да бидат фер и демократски кои Македонија ќе ја легитимираат како демократска држава, а резултатите од таквите избори ќе бидат признаени како легитимни.

Лидерот на ВМРО Народна партија ја коментираше изјавата на претседателот Иванов дадена во Женева во која тој одбива географска одредница за името на државата но, дека бил согласен за име како што е Република Македонија – Скопје.

„Ѓорге Иванов како претседател е против географска додавка, меѓутоа не му пречи топонимска додавка. Значи треба некој да му објасни дека топографијата е дел од географијата. Така што навистина не знам државните функционери на Република Македонија се зафркаваат ли со Република Македонија и со интелигенцијата на овој народ“, изјави Љубчо Георгиевски, ВМРО Народна.

ВМРО Народна партија останува на ставот дека прашањето на името е политичко прашање кое бара храброст и одговорност за да биде така и решено.

„Ние се одделуваме од другите политички партии, затоа што сметаме дека навистина ова е политичка работа, политичка одговорност, а не прашање што треба да се префрли на референдум, што тие како став, како позиција го поздравуваат и сметаат дека тоа е многу храбра и многу јасна политичка изјава“, вели Љубчо Георгиевски, ВМРО Народна.

Георгиевски очекува овие избори да го дадат политичкото решение на овој проблем.


Страна 2 of 512345