Настани

Трибина на ВМРО-Народна партија во Гостивар

Враќање и гарантирање на демократијата, брзо решавање на спорот со името и влез во НАТО и ЕУ, како и економска сигурност. Ова се трите клучни цели на ВМРО – Народна партија за кои пред гостиварци зборуваше лидерот на ВМРО – Народна партија Љубчо Георгиевски.

„Одиме на работа, дали како државна администрација, дали како бизнисмени, дали како земјоделци, постојано секаде гледаме политички притисок. Најдобра гаранција за демократијата во Република Македонија е ако новата влада во нашата држава ја формираат најмалку две македонски партии и две албански партии, затоа што и на албанскиот блок и на Албанскиот народ две политички партии се можеби гаранцијата дека таа демократија и таму ќе се остварува на ист начин, како и во македонскиот блок“, вели Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО – Народна партија.

Георгиевски смета дека по изборите се потребни брзи евроинтеграции за земјава конечно да започне да ја користи финансиската помош од европските фондови.

Според него власта енормно ја задолжува земјата со кредити за реализирање проекти, а граѓаните никогаш немале поголем долг кон банките.

За претседателот на партијата Марјан Додовски, Македонија е земја во која сега граѓаните живеат во страв и притисок од сопствената Влада.

„Срамно е 2011. година да живееме во време на тајни списоци, во време на конспиративни заговори, нешто што било својствено за 1947, 48 или 49. година. Жално е што тоа се случува 2011. година. Некои одат во Европа, во НАТО, меѓутоа, за жал, Република Македонија со една ваква владејачка гарнитура предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ја носи во 19 век“, рече Марјан Додовски, претседател на ВМРО – Народна партија.

Порачаа дека земјата повторно ќе биде лидер во реформите и развојот како некогаш, а на граѓаните ќе им го вратат достоинството, демократијата и сигурноста.


Објавени кандидатите за пратеници во 7 изборни единици за престојните предвремени парламентарни избори 2011 год.

 

Изборна едница бр.1

1. Влатко Андоновски

2. Саво Ашталкоски

3. Билјана Апостолова

4. Александар Харбов

5. Цена Митревска

6. Роберт Настев

7. Душан Велкоски

8. Драганчо Ангелески

9. Александра Богданова

10. Дејан Бојаџиевски

11. Киро Алексоски

12. Александра Велкоска

13. Ратко Зафироски

14. Јован Крстевски

15. Сања Богданоска

16. Васко Алексовски

17. Кирил Крстевски

18. Маја Здравковска

19. Стојче Цветановски

20. Филип Решковски

Изборна едница бр.2

1. Љупчо Балкоски,

2. Слободан Близнаковски,

3. Елизабета Симоновска,

4. Благојче Вељановски,

5. Марјан Јовевски,

6. Марија Јанкова,

7. Дијана Тренчевска,

8. Стево Павлески,

9. Благојче Мирчевски  

10. Фросина Фидановска,

11. Стево Насковски,

12. Симона Петровска,

13. Анета Сековска,

14. Кристина Симоновска,

15. Драган Димитровски,

16. Катерина Зафировска,

17. Љубиша Стојановски,

18. Игор Стоилевски,

19. Игор Алексовски,

20. Невзат Рамановски,

Изборна единица бр.3

1. Марјан Додовски,

2. Валентина Делиманчева Андреева,

3. Зоран Костовски,

4. Љупчо Стојилков,

5. Перо Митревски,

6. Лидија Догазанска,

7. Тони Јанев,

8. Сотир Јосимовски,

9. Александра Бојковска,

10. Виолета Лазареска,

11. Андреја Блажев,

12. Зоран Неделковски,

13. Љубица Јовановска,

14. Елена Велкова,

15. Игор Симеонов,

16. Тони Иванов,

17. Гордана Боболинска,

18. Видослав Трајковски,

19. Деспина Коцева Панева,

20. Сузана Ацкова,

Изборна единица бр.4

1. Миле Јакимовски,

2. Ристо Пецев,

3. Светлана Велеска,

4. Звонко Каров,

5. Златка Стамнова,

6. Гоце Кантаровски,

7. Душан Водасов,

8. Натка Лазарева – Симовска,

9. Мите Ангелов,

10. Марија Белмезова,

11. Венко Сидороски,

12. Ристо Киров,

13. Елизабета Јосифова,

14. Драганчо Лазаровски,

15. Никола Караиванов,

16. Катерина Димчева,

17. Лазар Ѓорѓиев,

18. Сузана Богоева,

19. Ристо Христов,

20. Гале Василев,

Изборна единица бр.5

1. Љубчо Георгиевски,

2. Ванчо Костоски,

3. Валентина Талевска,

4. Горан Невеновски,

5. Гоце Јакшовски,

6. Костадинка Наумоска,

7. Анѓелко Пешиноски,

8. Илија Топалоски,

9. Емилија Котевска,

10. Горан Ангелоски,

11. Кире Климески,

12. Павлина Сајческа,

13. Драге Џамбазовски,

14. Бобан Крстески,

15. Мирјана Костеска,

16. Томислав Кузманоски,

17. Наум Котески,

18. Јасмина Пусоска,

19. Јовче Кусаковски,

20. Целе Тошески,

Изборна единица бр.6

1. Драган Давидовски,

2. Горан Лотески,

3. Данка Јаќимовска,

4. Стевица Саркоски,

5. Стефко Веселиновски,

6. Зорица Бојчева,

7. Маја Велјаноска,

8. Блаже Штерјоски,

9. Борче Брајковски,

10. Мирко Лазаревски,

11. Тања Николовска Михајлоска,

12. Јовица Симјаноски,

13. Горан Тодоровски,

14. Дијана Богоевска,

15. Среќко Мисајловски,

16. Оливера Богоеска,

17. Игор Димовски,

18. Кристијан Петровски,

19. Виолета Попандонова,

20. Дино Блажески,

Изборна единица бр.7

Николчо Колев


Трибина на ВМРО-Народна партија во Ново Село

Демократијата е задушена, сиромаштијата се зголемува како и кич патриотизмот, а шансите за влез во ЕУ и НАТО се намалуваат.

Оваа е резултатот од четиригодишното владеење на Никола Груевски и неговата влада, рече пред жителите на Ново Село почесниот претседател на ВМРО Народна партија, г-дин Љубчо Георгиевски.

„Патриоти денеска во 2011-та година не се оние кој ќе направат споменици високи по 25 метри на Александар Македонски туку патриоти се оние кој ќе ја внесат Македонија во НАТО и во Европската Унија за да трајно ја обезбедиме безбедноста на нашите деца и економската стабилност и просперитет на нашиот народ,, рече Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО Народна партија.

Почесниот претседател Георгиевски потсети на времето кога тој беше премиер, рече дека тогаш Македонија беше успешна приказна и затоа сега демократијата, евроатланските интеграции и економијата се трите битни работи на кој е посветена ВМРО Народна партија, а најави и драстични промени во казнената политика.

„За 70 проценти ќе ги намалиме актуелните казни во нашата држава за да поединците, луѓето и бизнисмените конечно не се чувствуваат зависни од власта, за да може слободата секој граѓанин во нашата држава да ја почувствува“, додаде Георгиевски.

На изборите ВМРО Народна партија очекува 15 пратенички места со што како што велат ќе влијаат во враќањето на демократските процеси во државата.


Трибина на ВМРО-Народна партија во Бистрица

ВМРО-Народна партија е гарант на демократските процеси, партија што ќе понуди решавање на економските и социјалните проблеми, отворање на меѓународната политика и излез од длабоката економска и политичка криза.

Ова беше речено на трибината што оваа партија ја организираше во битолското село Бистрица.

„Ако можеме да судиме по тоа како пулсира Битола во политичка и партиска смисла на зборот, ВМРО-Народна партија ќе направи резултат на петти јуни, резултат кој ќе биде почитуван и гарант дека ВМРО-НП ќе биде дел од следната македонска влада, што значи дека нашата партија е гарант на демократските процеси во Република Македонија“, рече претседателот на ВМРО-Народна партија, Марјан Додовски.

Во Либија која е четири пати побогата од Македонија или Бахреин кој има дваесет пати повисок стандард од оној на македонските граѓани се води граѓанска војна за одбрана на демократијата и слободата.

Во Македонија владее страв, а посебно на притисоци се изложени членовите на оваа партија, особено оние кои преминуваат од владејачката партија како случајот со Лазар Ѓоргиев Нона од Деми Капија, кој поради искажувањето на своето незадоволство кон ВМРО-ДПМНЕ и кон случувањата во ТЕЦ „Неготино“ вчера бил изложен на жестоки притисоци од сопартијците.

„Повеќе години се води политика во актуелното ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е најстарите членови основачи на партијата во сите градови, со ретки исклучоци што добија привилегии, практично се на маргините на актуелната власт.

– Со Нона ми е жал, едно преминување што е изложено на притисок и кончено, затоа велиме, овие избори треба да бидат последни кога политичките партии и луѓето ќе чуствуваат притисоци од оние што се на власт“, рече почесниот претседател на ВМРО-Народна партија, Љубчо Ѓоргиевски.

Инаку, Лазар Ѓоргиев Нона по изјавата за А1, вчера бил фатен за гуша од сопартијци во бараките на РЕК „Битола“, по што, интервенирала и полиција.


Трибина на ВМРО-Народна партија во Кривогаштани

Демократијата во Македонија е комплетно уништена. Граѓаните живеат во невиден страв од сопствената држава која го тероризира народот држејќи го потчинет со ригорозен систем на казни, изјави лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски пред жителите на Општина Кривогаштани.

„Зарем не е срамота 20 години по падот на комунизмот граѓаните во Македонија се уште да се плашат од сопствената Влада.

– Зарем не е срамота на телевизија да гледаме само апсења, закани, притисоци, во личниот живот, во бизнис секторот и насекаде околу нас. Зошто се потребни ваквите казни? За да народот се држи тивок“, изјави Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО-НП.

Народот сега живеел во невидена сиромаштија задолжен со над 1 милијарда евра кон банките. 200.000 граѓани кои пред 10 години биле средна класа, сега се борат за корка леб.

„Ќе ве потсетам во 2000-та година дека бевме три пати подобри во економијата од Романија, Бугарија, Србија, Словачка и Хрватска, со Албанија и Косово тогаш никој и не се споредуваше. Сега сите тие држави не поминаа“, истакна Георгиевски.

Според Георгиевски оваа Влада ја презадолжила државата со милионски суми за проектот „Скопје 2014-та“ од кој народот нема никаков ќар.

После 2015. година Македонија ќе требало да враќа по 500 милиони долари годишно за земените кредити. Тој потенцираше дека народот во негово време живеел најбогато за 20 години независна Македонија.


Страна 3 of 512345