Настани

Трибина во Обршани

О.К Кривогаштани Ве поканува на Трибина во Обршани.

Датум на одржување: 18.04.2011 понеделник

Учесници: Љубчо Георгиевски – Почесен Претседател на ВМРО-НП

Марјан Додовски – Претседател на  ВМРО-НП

 

 


Трибина на ВМРО-Народна партија во Оризари

Онака како што и беше најавено првиот ден од распуштањето на Парламентот, ВМРО НП предводена од Почесниот Претседател на партијата Љубчо Георгиевски, Претседателот на партијата Марјан Додовски во присуство на Миле Јакимовски Генерален секретар на партијата и Љупчо Балковски член на ИК на партијата, како и претседателот на ОК ВМРО НП Кочани Љупчо Стојилков и членови на партијата одржаа трибина во населбата Оризари.

Во салата на Домот на културата во населбата Оризари најпрвин на присутните им се обрати Претседателот на ВМРО-Народна партија, Марјан Додовски кој направи една ретроспектива на она што беше направено во периодот 1998-2002 и она што е направено подоцна, при тоа потенцирајќи дека во населбата Оризари после 2002 година како да е се застанато.

Почесниот Претседател на партијата Љубчо Георгиевски зборуваше за актуелната состојба во државата, за лошата економска политика која допринесе големо задолжување на Македонија како и сето она што предвидуваат да го направат како партија на овие предвремени Парламентарни избори.

Пред доаѓањето на трибина во населбата Оризари, исто таква трибина беше одржана и во Облешево а беше посетена и телевизијата „Канал 8“ каде Претседателот на ВМРО-Народна партија учествуваше во дебатна емисија.


Трибина на ВМРО-Народна партија во Чешиново-Облешево

Во оваа земја нема демократија штом секој кој ја критикува владата добива кривична пријава и лисици на рацете, рече Љубчо Георгиевски пред граѓаните на Облешево и Чешиново, а казнената политика е толку ригорозна што има за цел да го уништи граѓанинот.

„Демократијата во Република Македонија, ќе се почувствува уште првиот месец, кога сите казни во Република Македонија ќе ги намалиме најмалку за 70 проценти, за да едноставно човекот не живее под секојдневен стрес“, изјави почесниот претседател на ВМРО-Народна партија, г-дин Љубчо Георгиевски.

Состојбата е уште потешка зашто стандардот на македонскиот граѓанин опаѓа и е меѓу најлошите во Европа. За споредба Георгиевски потсети на времето кога тој беше премиер кога Македонија економски беше подобра од многу други држави во регионот, а сиромаштијата и статистички беше за 10 проценти пониска од сегашната.

„Десет проценти зголемување на сиромаштија за десет години се 200 илјади народ во Република Македонија, 200 илјади народ кои не биле сиромашни 2001. година, денеска се сиромашни“, вели Георгиевски.

Најголема трагедија е што оваа влада намерно ја задолжува земјата.

„Ако милијарда и шестотини беше долгот на Македонија 2001. денеска долгот на Македонија се ближи кон шест милијарди долари. За два пати со доаѓањето на оваа влада е зголемен бруто надворешниот долг на Република Македонија кон странство“, рече Георгиевски.

Тие се задолжуваат, а ќе плаќаме ние и нашите деца, рече Георгиевски и тоа по петстотини милиони долари годишно почнувајќи од 2015. година.


Трибина на ВМРО-Народна партија во Илинден

ВМРО-НП се враќа на политичката сцена за да ја врати демократијата во Македонија, и да помогне во нејзиното економско заздравување, тоа е новиот македонски патриотизам, рече Љубчо Георгиевски на трибина пред граѓаните на скопската населба Илинден.

„Патриотизмот денеска не се високите столбови, патриотизмот денеска е економското спасување и економската благосостојба за македонскиот човек“, изјави почесниот претседател на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски.

Заради наводниот патриотизам на оваа влада, Македонија секојдневно добива шлаканици од брисел и е на пат да го загуби македонскиот идентитет.

„Зарем не е премногу парадоксално, Сител Телевизија, секој ден да се чука колку тие се борат за името, а отворете ја Сител Телевизија, од сабајле до вечер, ние само гледаме бившо-југословенски културни и филмски и музички програми. Не е тоа македонскиот идентитет“, рече Георгиевски.

И не само тоа економската политика што ја спроведува актуелната влада ја задолжи земјата со милијарди кои треба да ги враќаат нашите деца.

„Оваа Влада денеска која владее со Република Македонија, во своите пет години од доаѓање на власт, го има дуплирано долгот на сите претходни влади во Македонија“, додаде Георгиевски.

За споредба Георгиевски потсети на времето кога тој беше премиер-со нас почна со враќање на старите девизни заштеди, ја спроведовме денационализацијата, ги зголемивме пензиите, економските зони се наше дело, градевме и создававме вредности без задолжувања и без еден денар реклама за стореното, рече Георгиевски на трибина во Илинден.


Покана за прес конференција на ВМРО-Народна партија

Почитувани,
ВМРО-Народна партија, на 18.03.2011 година (петок), со почеток во 13:00 часот, во седиштето на партијата, ќе одржи прес конференција.
Тема на прес конференцијата ќе биде ставот на ВМРО-Народна партија по повод состојбите во здравството во Република Македонија, а посебно најавите на министерот за здравство, Бујар Османи за идентичен здравствен третман на граѓаните на Република Македонија, со граѓаните на Косово.
Прес конференцијата ќе ја води м-р Миле Јакимовски, Генерален секретар на ВМРО-Народна партија.
Со почит,
Кабинет на претседателот на ВМРО-Народна партија


Страна 4 of 512345