Видео записи

Документарец на Ал Џезира за Љубчо Георгиевски

ljubco_intervju

Според најновиот документарец “Алхемија на Балканот“ кој се емитува на телевизијата Ал Џезеира, најголема заслуга за независна Македонија има првиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски.

Георгиевски на свои 25 години беше првиот Македонец политичар што извика: “Македонија мора да биде независна држава со своја армија и национална валута”, политичар кој убедливо победи на првите повеќепартиски избори.

 


(ВИДЕО): Погледнете го целосното интервју на претседателот Георгиевски за Слободна зона

Претседателот на ВМРО-Народна партија и поранешен македонски премиер Љубчо Георгиевски побара право на одговор во емисијата “Слободна зона”, откако во двe претходни емисии актуелниот пратеник во Бугарија, Велизар Енчев и поранешниот шеф на разузнавање Кирчо Киров најавија дека бугарските служби работеле за распадот на поранешна Југославија, врбуваале  македонски министри и дури ја финансирале и во моментов владејачката партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ.

“Лажат, за да си ги покријат нечистите работи, кои ги правеле”, категоричен беше Георгиевски.

Тој не верува меѓу членовите на неговиот кабинет дека имало соработници на бугарските служби. Потврди за себе и за својот внатрешен министер, веќе покојната Доста Димовска, дека не работеле за бугарското разузнавање.

“Нека излезат документи кои го докажуваат спротивното”, рече Георгиевски.

“Парадоксално е да се помисли дека македонски политичар, особено во почетокот на независна Македонија, ќе земе пари или ќе работи за бугарските служби”, додаде тој.

Според поранешниот македонски премиер зборовите на Енчев и Киров служат за исклучиво српската пропаганда, која во Македонија, а и во Бугарија, е доста силна.

Георгиевски најави дека Доста Димовска, за која се појавија информации дека работела за бугарските служби, може всушност да била двоен агент.

Според него, додека бил премиер, на два пати сакал од неа да ги објави имињата на српските шпиони во Македонија, но таа ги заштитила, лажела дека документите се уништени. “Сега во моментов има лустрација во Македонија, и се чини дека не се уништени”, рече тој.

Георгиевски посочи дека постигнатиот договор во Македонија за оставка на премиерот Никола Груевски и предвремени избори не дава решение на главните прашања – односите со Грција, туку и со Бугарија, а оттаму и евроинтеграцијата на Македонија.

“Со невлегувањето на Македонија во ЕУ и НАТО се отвора пат на српска асимилација”, истакна Љубчо Георгиевски и додаде дека денес Македонија е под влијание од Србија во многу поголема мера отколку кога била дел од Титова Југославија.

 


ВИДЕО: Гостување на Љубчо Георгиевски во „Топ Тема“ на Телма телевизија (23.02.2015)

Погледнете го гостувањето на претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски на 23.02.2015 во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија.


ВИДЕО: Изјава на Љубчо Георгиевски за Алсат-М телевизија (04.02.2015)

Погледнете ги одговорите на претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски на прашањата поврзани со кампaњите на ВМРО-НП и поплавите во Македонија…


Георгиевски: Власта сака да нѐ одалечи од западот и да нѐ спои со Србија! (видео)

ljujbco_intervju

Погледнете го интервјуто на претседателот на ВМРО-Народна партија, г-дин Љубчо Георгиевски дадено за Радио Слободна Европа на 25.01.2015 година.


Страна 1 of 512345