Интервјуа

Претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски вечерва ќе биде гостин во емисијата „Топ Тема“

Ljubco

Претседателот на ВМРО-Народна партиja, г-дин Љубчо Георгиевски вечерва со почеток од 20:15 часот ќе биде гостин во емисијата „Топ тема“, со Александар Чомовски.

Оваа емисија се емитува на телевизија Телма. 

 


Љубчо Георгиевски: Срамна спрега меѓу власта и медиумите

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, за Дојче Веле изјави дека е изненаден и згрозен од содржината на разговорите што ги презентираше лидерот на СДСМ.

ljubco

Неговото име се спомнува во разговорот, што според Заев, го воделе директорот на УБК, Сашо Мијалков и сопственикот на ТВ Канал 5, Емил Стојменов. Според разговорот, Мијалков неколку дена претходно на Стојменов му најавил дека „од понеделник почнува да апси“. Стојменов потврдува дека му е ќеф што е уапсен Бошковски, но според наводниот разговор, оди и чекор понатаму: „Знаеш што уште ќеф да ми направиш? Тој Љубчо да го уапсиш!“

Според Георгиевски, ваквите разговори сведочат за срамна спрега меѓу власта и медиумите.

„Медиумите одработуваат за власта, но од снимките се заклучува дека таа соработка оди и двонасочно, па и од власта се бара да оствари ‘желби’ на медиумски сопственици. Она што го знам, е дека околу 80 отсто од богатството Стојменови го стекнаа кога таткото (Борис Стојменов) беше министер за финансии во мојата влада. Таа влада им ја даде концесијата за телевизијата Канал 5. Денес, малку е ако кажам дека чувствувам грижа на совест и одговорност за таа постапка, особено кога слушам како некој бара да ми ја стават главата во торба. Не разбирам, од каде толкава омраза кај некои луѓе?

Не разбирам од каде и кај Драган Павловиќ – Латас толкаво одушевување за апсењето на Бошковски. Па кога Љубе беше министер, Латас многу често беше гостин во неговиот дом. Најмалку 30-тина пати бил на вечери во домот на Бошковски“, вели Георгиевски.


ВИДЕО: Изјава на Љубчо Георгиевски за Алсат-М телевизија (04.02.2015)

Погледнете ги одговорите на претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски на прашањата поврзани со кампaњите на ВМРО-НП и поплавите во Македонија…


Георгиевски: Власта сака да нѐ одалечи од западот и да нѐ спои со Србија! (видео)

ljujbco_intervju

Погледнете го интервјуто на претседателот на ВМРО-Народна партија, г-дин Љубчо Георгиевски дадено за Радио Слободна Европа на 25.01.2015 година.


Претседателот Љубчо Георгиевски ќе биде гостин во емисијата „24 Анализа“


Ljubco GeorgievskiНа 14.11.2014 година (петок) претседателот на ВМРО-Народна партија, г-дин Љубчо Георгиевски  ќе биде гостин во емисијата 24 Анализа.

Емисијата 24 Анализа  започнува од 21 часот на телевизијата 24 Вести.


Страна 2 of 512345