Интервјуа

Гостин во вестите на „Илинденска“ без број, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО НП.

Гостин во вестите на „Илинденска“ без број, е поранешниот премиер Љубчо Ѓеоргиевски, почесен претседател на ВМРО Народна.

Љубчо Георгиевски, основач и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сега почесен претседател на ВМРО Народна партија и поранешен премиер.

Веќе јавно се говори дека Љубчо Георгиевски се враќа на политичката сцена, дали е тоа така? Како и кога?

– Да, Љубчо Георгиевски се враќа на политичката сцена во Македонија. За 20. март независно од оваа најнова дискусија дали ќе имаме предвремени избори или ќе нема предвремени избори, ние

подготвуваме генерално собрание во МНТ, каде што на некој начин официјално ги отпочнуваме активните подготовки за новите избори.

– Првично мислевме дека ќе бидат редовни, меѓутоа сега можеби ќе бидат и вонредни. Значи тука сме. Љубчо Георгиевски ќе ја води кампањата на ВМРО Народна партија, на идните, независно предвремени или редовни избори.

Вашиот претседател Додовски, пред неколку денови во Охрид изјави дека партијата е подготвена, дали навистина е така? Дали е спремна да учествува или да ја освојува власта?

– Ние сме подготвени за избори и покрај тоа што, како и другите опозициони партии, мислиме дека е подобро тие избори да бидат некаде јуни, јули. Меѓутоа независно од тоа сметаме дека ако сега се распишат предвремени избори, дека сме подготвени до одиме и на предвремени избори, сега во овој момент.

Целото интервју можете да го погледнете во видеото.

 


Страна 5 of 512345