СООПШТЕНИЈА

ВИДЕО: Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски во емисијата ТОП ТЕМА

Во прилог ви го преставуваме во целост видеото од емисијата за ТОП ТЕМА на телевизија Телма на лидерот на ВМРО Народна партија.


УШТЕ ЕДЕН НЕПРИЈАТЕЛСКИ ЧИН НА СРБИЈА КОН МАКЕДОНИЈА

ВМРО-Народна партија изразува голема задоволство и ја поздравува конечната одлука на српските власти за реализација на промената на улицата во Белград, што десетици години го носеше името на големиот народен трибун Гоце Делчев.

ad283f3d-b158-4e2f-be57-446f5fa02d0b

Со овој непријателски чин кон Р.Македонија, дефинитивно паднаа маските и на виделина излезе сето лицемерие што србите долго го прикривале за да ги придобијат симпатиите од македонскиот народ. Сепак, добрата страна од сето ова е што македонските граѓани можат да извлечат поука и потрезвено да размислуваат за наводно добрите намери и симпатии што доаѓаат од Србија.

Во образложението на српските власти за причините за промена на името на улицата, се истакнува дека Гоце Делчев е бугарски деец и терорист, подржан од царскиот двор од Софија и висок функционер на ВМРО, која подоцна прерасна во организација што се бореше против српската окупација.

ВМРО-Народна партија ова го смета за голем предизвик за македонската историска, научна и академска дејност, да ја потврдат или отфрлат вистинитоста на горе наведените факти и квалификации за личноста и делото на Гоце Делчев.


Владата по примерот на европските земји да превземе превентивни мерки во случај на Трета светска војна

ВМРО-Народна партија внимателно и со голема загриженост го следи развојот на настаните на глобално ниво, каде што секојдневно се соочуваме со драматично влошување на состојбите на кризните жаришта со зголемување на опсегот и жестината преку силни воени дејствија.

vmro_np

Бројни признати авторитети, сегашни и поранешни политичари, воени аналитичари и високи воени функционери, во своите анализи, предупредувања и заклучоци, укажуваат на се поголемата веројатност од еруптивно проширување на воените дејствија и на други територии и држави кои во моментов не се опфатени, при што не ја исклучуваат и можноста и од употреба на нуклеарно оружје Поимот Трета Светска Војна, секој ден се почесто се употребува во медиумите ширум светот, што самото по себе е крајно вознемирувачко кај луѓето.

ВМРО-Народна партија е зачудена од целосниот молк во врска со овој светски проблем и бара соодветно постапување и превентивна заштита, во прв ред од Владата на Р.Македонија, како што тоа го направија повеќе европски земји, меѓу кои Германија, Австрија, Швајцарија и други. Тоа подразбира обновување и дополнување на стоковите резерви со основни прехранбени артикли, лекови, хигиенски производи, сите видови горива и други неопходни артикли. Да се провери функционалноста на подземните засолништа и доколку се констатираат пропусти, тие да се доведат во ред. Да се информираат граѓаните, како да постапуваат во случај на загрозеност по нивните животи и истовремено да ги зголемуваат своите домашни залихи на храна, вода, лекови и хигиенски производи, заради можност од отежнато снабдување со стоки и услуги.

ВМРО-Народна партија со ова укажува, дека не треба да има чувство на паника, но смета, дека е потребна извесна доза на зголемена внимателност во врска со овие непосакувани состојби во светот, со што ќе се елиминира ризикот да бидеме изненадени и затекнати неподготвени.


Одбележувањето на битката кај Кајмакчалан е тешка провокација

ВМРО-Народна партија со огромен пиетет ги почитува и ги подржува чествувањата на датуми кои одбележуваат одредени историски настани кои длабоко се врежуваат во сеќавањата кај луѓето. Особено настаните, каде што голем број на млади луѓе во тешки и крвави  војни го загубиле највредното,  односно својот живот. Од денешен аспект без оглед за какви идеали тоа го направиле, пораката е една и единствена : ваквите настани никогаш повеќе да не се повторуваат, а одбележувањето да биде во насока на создавање на трајни пријателства меѓу некогашните непријатели.

580048_3498592895898_957611312_a

ВМРО-Народна партија мегутоа, не може, а да не изреагира на селективниот избор на Владата на ВМРО-ДПМНЕ која во континуитет одбележува одредени празници востановени од само еден сосед, а за сите останати продолжуваат и понатаму со непријателска пропаганда.

ВМРО-Народна партија одбележувањето на денешниот ден на битката кај Кајмакчалан, го смета за тешка провокација и навреда за чувствата на македонскиот народ. Зошто владата на ВМРО-ДПМНЕ го премолчува непобитниот историски факт дека во битката кај Кајмакчалан од другата страна, во составот на бугарската армија учествуваше 11-тата дивизија со 33000 македонски доброволци. Импресивно е што учесниците во овие борби, без оглед дали биле припадници на македонската левица или десница, демонстрирале висок степен на толку посакуваното историско помирување и сите заедно се бореле за остварување на своите заветни идеали. Потврда за ова е и учеството на сите поранешни илинденци, војводи и комити и други воини во претходните војни.  Дали овие високо патриотско херојски дела на нашите предци треба да останат заборавени, а за сметка на ова да се величаат српските окупаторски војници.

ВМРО-Народна партија повикува, да се извече поука и во иднина ваквите големи историски денови да се прославуваат заедно помеѓу Македонија, Бугарија и Србија, а одредени одбележувања кои се однесуваат на другите соседи, да се прават заедно со Албанија, Косово и Грција. Само на ваков начин ќе се надминат историските неправди и нема да бидат залудно положени животите на илјадници млади луѓе без разлика на која страна припаѓаат, со што ќе се придонесе за смирување на страстите на немирниот Балкан  и целосна интеграција во обединета Европа.


Невладиниот сектор ги пречекорува своите овластување и го отежнува решавањето на кризата

ВМРО-Народна партија високо ги цени активностите што во одреден период ги правеа невладините организации и граѓански здруженија во Р.Македонија, во насока за демократизирање во сите области на општеството. Нивниот ангажман околу обезбедувањето на фер, демократски и кредибилни избори, наиде на широка подршка и симпатии кај граѓаните.

vmro_np

ВМРО-Народна партија меѓутоа,  смета дека со последниот ултиматум за обезбедување на таканареченото ,, петто столче,, за нивно учество во политичките разговори за надминување на кризата, ги пречекорува основните принципи и овластувања на граѓанскиот сектор за политички ангажман од нивна страна.

ВМРО-Народна партија истовремено предупредува дека на овој начин, невладините организации и граѓански здруженија, ја отежнуваат преговарачката позиција на опозицијата предводена од СДСМ. Подршката со тоа што целосно се ставија на страна на опозицијата, не значи дека СДСМ и останатите политички опозициски партии, треба да  бидат нивни заложници и да дејствуваат според нивните наредби. Се добива впечаток дека се однесуваат како политички партии, а не како граѓански здруженија.

ВМРО-Народна партија предлага, ако сакаат да продолжат со политичко дејствување, да се пререгистрираат во политички партии и со тоа да ги стекнат сите права и обврски што произлегуваат од Законот за политички партии. Се до тогаш, овие здруженија треба да се однесуваат во рамките на нивните надлежности и да не присвојуваат права што не им припаѓаат според законот. Ваквите ирационални условувања, го отежнуваат почетокот на политичкиот дијалог за целосно имплементирање на Пржинскиот договор подржан од меѓународната заедница, како единствен начин за разрешување на политичката криза.


Страна 1 of 3012345...101520...последна »