СООПШТЕНИЈА

За успешно решавање на кризата неопходно е вклучување на помалите политички партии

ВМРО – Народна партија го поздравува одговорниот приод и јасно изразената спремност на четирите политички партии, за придржување кон договорот од 2 Јуни, потпишан со посредство на ЕУ и САД и негово целосно имплементирање, што гарантира успешно разрешување на политичката криза.

580048_3498592895898_957611312_a

Го изразуваме нашето задоволство што во овој документ се содржани повеќе наши конструктивни предлози и ставови и убедени сме дека ова ќе обезбеди фер и демократски избори, а со дополнување на одредени законски решенија, ќе се доизгради системот со што ќе се овозможи широка демократизација на општеството.
Меѓутоа, за успешно реализирање на овој проект, неопходно е и вклучување на помалите политички партии со почитување на нивните мислења и предлози, наспроти досегашната пракса на ексклузивитет на двете најголеми партии, сами да донесуваат одлуки од исклучително значење, а што се однесуваат на сите граѓани.
Во таа насока, ги реафирмираме нашите повеќе пати изнесени ставови за Р.Македонија да биде една изборна единица, без поставување на било каков однапред утврден квалификациски праг, зашто имаме јавно искажана подршка од повеќе политички партии.
Исто така, бараме измена на Законот за финансирање на политичките партии, со кој ќе се обезбеди финансиска независност на партиите во нивното функционирање. За таа цел, предлагаме 0,3 проценти од буџетот на РМ да се издвојува за редовно годишно работење на партиите, а во делот за распределба на средствата од изборните резултати, единствен критериум да биде бројот на освоени гласови на изборите.
Рамноправната медиумска застапеност на политичките партии е главен предуслов за демократско претставување и изјаснување на партиите пред граѓаните и затоа предлагаме, допрецизирање на законските одредби од Изборниот законик, со што ќе се елиминира различното толкување од страна на јавниот сервис и ќе се постигне посакуваната правична застапеност во медиумите.
ВМРО-Народна партија смета дека на ваков начин се отвара широка можност за самостојно учество на помалите политички партии на избори, со што ќе се допринесе за поразновиден политички состав на Собранието на РМ.


Предлогот на Папата е прифатлив, МПЦ да разгледа можност за заеднички датум за чествување на Велигден за сите христијани

ВМРО–Народна партија, негувајќи ги трајните демохристијански вредности со кои се дефинира основниот политички профил на партијата, со интерес го прими неодамнешниот предлог на Неговата светост Папата Фрaнциск, упатен до сите христијани, за утврдување на датум за заедничко чествување на најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

580048_3498592895898_957611312_a

„Ова е предлог од исклучително црковно значење и ние сме свесни за нашата позиција во врска со ова прашање, но сепак заради горе наведеното, чуствуваме за потреба да искажеме наше мислење. ВМРО-Народна партија смета дека идејата на Папата го отвара патот кон приближување на различните црковни догми кои во иднина можат да се надминат и да допринесат за конечно канонско единство на христијаните од целиот свет. Заедничкото прославување на овој најголем христијански празник ќе биде исполнување на вековниот стремеж на сите верници и црковни великодостојници, со што ќе се остварат заложбите на светите отци учесници на Вселенските собори, за соборност на една и единствена црква“, велат од ВМРО-НП.

ВМРО-Народна партија смета дека за предложениот датум од Папата може да се разговара, затоа што и така православните христијани најчесто го слават Велигден меѓу втората и третата недела во април.

ВМРО-Народна партија е на мислење, Македонската Православна Црква сериозно да го разгледа овој најнов предлог, затоа што е конструктивен и прифатлив за македонските верници и потоа да излезе со свој став.

На ваков начин, МПЦ ќе искаже далеку поголема зрелост од Руската и Српската Православна Црква, кои априори го отфрлаат овој добронамерен предлог, прикажувајќи се себеси за заштитници на првославните традиции, а всушност мотивите се од јасна политичка природа. Истовремено, ова и дава автентичност на одлуката која е донесена самостојно од Македонската Православна Црква, велат од партијата.


Предлозите на еврокомесарот Хан се решенија за излез од кризата и спас на Македонија

ВМРО – Народна партија крајно сериозно ги разгледа и анализира предлозите што ги изнесе еврокомесарот за проширување и добрососедство на ЕУ г-динот Хан, за излегување од длабоката политичка криза во Р.Македонија, со лидерите на четирите најголеми политички партии.

580048_3498592895898_957611312_a

За ВМРО-Народна партија овие предлози се апсолутно прифатливи и се совпаѓаат со нашите повеќепати јасно искажани ставови во врска со овој тежок проблем и за тоа даваме целосна подршка. Од анализата на предлозите произлегува дека г-динот Хан нема намера да ги задоволи поединечните барања на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, туку овие се решенија за излез од кризата и спас на Р.Македонија.

ВМРО-Народна партија  ја поздравува ваквата иницијатива на       г-динот Хан, бидејќи во неа се демонстрираат искрени намери да се помогне на Р.Македонија.

ВМРО-Народна партија ги повикува лидерите на најголемите политички партии да го употребат личниот легитимитет шти произлегува од нивната позиција и сами да донесат одлуки што се во интерес на Р.Македонија. При тоа, ги охрабруваме да не подлегнуваат на целосно паушални и штетни совети кои што произлегуваат од кариеристички побуди и реваншизми на дел од нивните партиски и надворешни соработници.

ВМРО-Народна партија во оваа прилика повторно бара измена во Изборниот законик, со што Р.Македонија да биде една изборна единица без никаков квалификациски праг, за што има и согласност и од други политички партии. Ова е најбрз и најлегитимен пат за излез од кризата и за понатамошно целосно демократизирање на општеството, со парламент составен од многу повеќе политички партии кои сами обезбедиле место во законодавниот дом и при тоа не го загубиле или споделиле својот партиски и програмски суверенитет, што гарантира независна и квалитетна политичка мисла


ПОРАКА ДО СДСМ: СО РЕКЕТАРСКА ПОЛИТИКА НЕ СЕ ДОАЃА НА ВЛАСТ!

ВМРО – Народна партија е згрозена од мизерноста на начинот со кој политичките рекетари од СДСМ веќе по втор пат упатуваат јавна закана до претседателот на ВМРО-Народна партија, г-динот Љубчо Георгиевски, дека имаат негови компромитирачки разговори со луѓе од власта.

07

ВМРО – Народна партија јавно ги повикува челните луѓе од СДСМ што поскоро да ги објават сите разговори што ги имаат од тој карактер.

ВМРО-НП при тоа инсистира само на две работи:
– да се објават буквално сите разговори што г-нот Љубчо Георгиевски во континуитет почнувајќи од 2003 година па се денес, ги имал со било кои претставници од власта. Ве уверуваме дека ова нема да Ви одземе многу време и простор.
– исто така да се објават и датумите кога се правени овие разговори.

ВМРО-Народна партија во некоја наредна фаза ќе прозбори за документите кои г-динот Зоран Верушевски му ги давал на г-динот Љубчо Георгиевски. Тоа се документи и афери кои се целосно против нивниот тогашен лидер г-динот Бранко Црвенковски. Но исто така сме спремни и со задоволство да ги прераскажеме содржините на голем број телефонски разговори помеѓу високи партиски функционери на СДСМ и новинари, кои г-динот Верушевски му ги пуштал на нашиот претседател да ги слуша изворно во неговиот стан во населба Аеродром.

ВМРО – Народна партија длабоко е уверена дека г-динот Верушевски повеќе од 20 години прислушува луѓе од власта и од опозицијата и со тоа нивните судбини и професионални кариери ги ставал во заложништво на еден човек или потесна група на луѓе.

На ваквата крајно недемократска пракса со која се повредуваат основните човекови права на граѓаните, сметаме дека конечно треба да и се стави крај во Р. Македонија.


Поддржуваме парламентарни избори, со една изборна единица и отпечаток при гласањето

ВМРО-Народна партија во пресрет на се поизвесното одржување на предвремени парламентарни избори, како единствен легитимен пат за излез од длабоката политичка криза во Р.Македонија, дава целосна подршка на ова идеја.

vmro_np

Во услови на крајно сложени состојби, предизвикани од меѓупартиска поделеност до степен на неподносливост, измалтретирани граѓани и дезориентирани неопределени гласачи, се позаострени меѓуетнички односи, влошена економска состојба предизвикана од кревката безбедносна ситуација и нарушениот углед кај меѓународната заедница, бара итно решавање на кризата.

ВМРО-Народна партија повеќе пати досега предлагала измени во Законот за избори, со тоа што Р.Македонија би била една изборна единица, без поставување на квалификациски изборен праг. Сега е вистинско време да се прифати овој предлог, затоа што ова е став и на други политички партии, но и претставува уште посилно демократизирање на изборите. На ваков начин, секоја политичка партија би била заинтересирана самостојно да настапува во изборната трка, а при тоа да не ја губи својата автентичност како услов за влегување во големи коалиции. Со ова, Собранието на Р.Македонија, ќе стане вистинско место на размена на бројни идеи и политичко филозофски мисли, кои ќе допринесат за демократизација на општеството, што досега застапениот биполарен партиски систем не ги даде очекуваните резултати.

ВМРО-Народна партија заради елиминирање на и најмал сомнеж во регуларноста на одржаните избори и изборните резултати, на претстојните предвремени парламентарни избори, предлага да се примени Косовскиот модел за идентификација на гласач. Имено, секој гласач да го потврдува идентитетот со отпечаток на прстот на елекронскиот апарат за идентификација на отпечаток. Со ова операција се оневозможува повторно гласање на било кое место во Р.Македонија.


Страна 10 of 30« почетна...5...89101112...152025...последна »