СООПШТЕНИЈА

Прикривањето на прашања од демографска природа е многу лошо за иднината на државата

ВМРО-Народна партија со загриженост ги следи новинарските коментари на телевизија Алсат за состојбите во училиштето ,,Арсение Јовков,, во скопската општина Бутел, а се однесува на бројот на учениците и нивната етничка припадност.  

580048_3498592895898_957611312_a

Телевизија Алсат тврди дека во десетте македонски  паралелки  учат во просек помалку од 20 ученици, а две паралелки дури воопшто и не постојат. Згора на тоа, голем дел од учениците  што учат на македонски наставен јазик се албанци, турци и од други етнички заедници. Од друга страна, се укажува на несоодветни услови за изведување на наставата во шестте паралелки на албански наставен јазик каде што учат  повеќе од 40 ученици во паралелка.

Исто така, се наведува дека барањата на родителите албанци за надминување на оваа неповолна и вештачки создадена ситуација за нивните деца, редовно се игнорираат од страна на училишниот одбор, директорот, градоначалникот на општина Бутел Петре Латиновски и како најповикан градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

ВМРО-Народна партија од надлежните и посебно од градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, бара  да се прикаже вистинската состојба и итно да се разреши овој проблем, бидејќи во спротивно може да се прошири и да добие на интензите кај и онака кревките меѓуетнички односи.

ВМРО-Народна партија апелира до колку постојат вакви и слични состојби во други училишта низ Р.Македонија, да не се прикриваат од локалните власти. Само вистинско презентирање на бројот на учениците, нивната етничка припадност и обезбедување подеднакви услови за сите ученици  може да доведе до разрешување на проблемите на задоволство на сите засегнати страни.Во спротивно прикривањето на ваквите крајно чуствителни прашања од демографска природа може да предизвика чувство  на заблуда кај одредени кругови за силна етничка доминантост што по правило продуцира неповолни последици за иднината на државата. Колку побргу станеме свесни за ова толку подобро за нас.


Зошто се премолчуваат настани во Србија кои го загрозуваат македонскиот идентитет?

ВМРО-Народна партија со интерес ја проследи посетата на Московскиот и Патријархот на цела Русија, г-дин г-дин Кирил  на Србија и изразува длабоко жалење од целосниот медиумски мрак на провладините медиуми, премолчувајќи кристално чисти и јасни Негови пораки за статусот на МПЦ.

ad283f3d-b158-4e2f-be57-446f5fa02d0b

Имено, рускиот Патријарх на средбата со српскиот Патријарх, недвосмислено порача дека МПЦ е неотуѓив дел од СПЦ. Како потврда на ова следеше и официјална средба со претставници на непризнатата црква во Македонија, Православната Охридска Архиепископија на расчинетиот владика Вранишковски. Дополнително, поканата на ПОА да учествува на богослужба заедно со руски и српски православни свештеници во сослужение чиноначалствувано од рускиот Патријарх и српскиот поглавар, канонски ја определуваат позицијата на ПОА за нивна братска православна црква .

ВМРО-Народна партија очекуваше жестока реакција од Синодот на МПЦ за крајно негаторскиот однос на братските православни цркви на Русија и Србија, кон МПЦ. На големо наше разочарување немаше никаква реакција и од страна на официјалните власти во одбрана на правата на православните македонски верници претставени од МПЦ. Ваквиот дециден став на рускиот Патријарх ги демаскира сите заговорници од власта и нејзините медиуми дека заради одбраната на идентитетот треба да се определиме за Русија како наш иден стратешки партнер, со Србија како наш главен лобист.

ВМРО-Народна партија постојано укажува на сите провокации и негирања што доаѓаат од Србија, како по правило не наидуваат на никаква осуда од страна на власта. Премолчувајќи го и овој голем скандал, кој значи директно негирање на македонскиот идентитет, свесно не фрла во прегратките на Србија. И за крај, дали огромниот порив на симпатии од власта кон Србија, ќе оди до таму да резултира со дистанцирање од МПЦ и приближување кон ПОА.


ВМРО –НП го честита празникот 23 Октомври – Ден на формирањето на ВМРО

vmro_np

ВМРО –Народна партија  им го честита празникот 23 Октомври – Ден на формирањето на ВМРО, на своите членови, симпатизери и сите граѓани на Република Македонија.

Огромниот пиетет што го чувствуваме кон основачите на ВМРО и нивното дело, пред се заради нивниот сон за независна и самостојна Македонија, кој длабоко го внедрија во многу генерации, конечно беше исполнет во 1991 година.

Заради ова, се определивме овој свет ден да го честитаме со вистинското име.

 


Регулаторна можеше да дозволи многу пониска малопродажна цена на горивата

580048_3498592895898_957611312_a

ВМРО –Народна партија  реагира на примената на методологијата за утврдување на цените на нафтените деривати од страна на Регулаторната комисија.

Во услови кога имаме рапидно опаѓање на цената на суровата нафта на светскиоит пазар, кое за последниве три месеци изнесува повеќе од 25%, сметаме дека 8% кумулативно намалување на малопродажната цена од страна на Регулаторната комисија,  за овај период е минимално. Сите параметри врз основа на кои се определува малопродажната цена на нафтените деривати се во постојано опаѓање, со процент за кои сме убедени дека може да се дозволи значително пониска малопродажна цена од сегашнава. На ова не влијаат ниту минималните курсни разлики кои се незначителни за овај период.

ВМРО – Народна партија укажува на едностраното толкување на методологијата од страна на Регулаторната комисија, со што прави алиби за себе, за неоправданото одржување на високите цени на дериватите.

ВМРО – Народна партија и предлага на Владата на Р.Македонија, да побара други извори за полнење на буџетот и да се откаже од делот од профитот што според методологијата неоправдано го приграбува за себе, со што малопродажните цени на дериватите би имале пореална цена , далеку пониска од сегашнава. Тое ќе биде една од мерките што ќе овозможи заздравување на исцрпеното и непродуктивно стопанство и подобрување на стандардот на крајно осиромашените граѓани на Р.Македонија.

 

 


„Законот за трето дете“ е најантимакедонскиот закон донесен од било која влада на Македонија

vmro logo

ВМРО – Народна партија  по третпат ја повикува Владата на Р.Македонија да достави предлог до Собранието на Р.Македонија  за укинување на  законот популарно наречен ,,закон за трето дете,, кој според наше мислење е најантимакедонскиот закон што е донесен досега од било  која влада на Р.Македонија.

За времето од кога е на сила овој закон до денес, статистичките податоци за новородени деца, укажуваат на катастрофални демографски промени на штета на македонскиот народ. Бидејќи од година во година, ваквите тенденции се зголемуваат со уште поразорно темпо, во многу скоро време македонскиот идентитет ќе биде загрозен од штетните последици на овој закон. Згора на тоа, постојаното намалување на македонците во однос на вкупното население во Р.Македонија и радикално различните ставови и чувства кон уставното име, може да предизвика промена на името од граѓаните кои според овие демографски движења многу брзо ќе бидат мнозинство, со што ја прави безсмислена сегашната цврста позиција на владата за зачувување на името и одбраната на идентитетот на македонскиот народ.

ВМРО-Народна партија ја охрабрува владеачката ВМРО-ДПМНЕ која беше иницијатор за донесување на овој избрзан и нестудиозно подготвен закон, чии штетни последици недвосмислено ги констатира и нивната комисија за демографски движења чиј претседател е Влатко Ѓорчев, соодветно да реагира со тоа што ќе ја подржи оваа иницијатива.