СООПШТЕНИЈА

Пратениците да изгласаат амандмани на Уставот со кои ќе се потврди уставноста на СЈО

ВМРО-Народна партија уште од самиот почеток ја подржа идејата за формирање и функционирање на Специјалното Јавно Обвинителство. Меѓутоа, заради избрзаниот и недоволно подготвен Закон за специјално јавно обвинителство кој беше донесен од Собранието на РМ и неусогласеноста на истиот со Уставот на Р.Македонија, се создаде невидена конфузија и забуна во одредени стручни кругови од областа на правото. Во зависност од политичката определба, опозициска или позициска, толкувањата за уставноста на законот, се различни. Спротиставеноста на мислењата одат дотаму, што човек ќе помисли дека се работи за две држави, со сосема различни уставно правни поредоци, а не за Р.Македонија.

vmro_np

ВМРО-Народна партија заради горе наведеното, ги смета за неоправдани, непринципиелни и недолични ултимативните притисоци од одредени кругови врз Уставниот суд на РМ, за изјаснување за уставноста на постоењето на СЈО.

ВМРО-Народна партија за надминување на овој проблем предлага, Собранието на РМ да донесе амандмани што ќе станат составен дел на Уставот на РМ, со кои ќе се потврди уставноста на Специјалното Јавно Обвинителство и други пропратни институции. Без ова интервенција, сите правни дејствија ќе бидат прогласени за неуставни, затоа што во Уставот на Р.Македонија јасно стои дека Јавното обвинителство и судовите се единствени и со закон е забрането формирање на други.

ВМРО-Народна партија бара сите политички партии во Собранието на Р.Македонија едногласно да ја подржат оваа уставна иницијатива, како во случајот при донесувањето на Законот за СЈО. Напоменуваме дека ваква пракса се применувала и во други држави и се покажала како многу успешна.


Партиите потписнички на Пржинскиот договор својот интерес го ставаат пред интересот на Република Македонија

ВМРО-Народна партија потсетува дека деновиве измина една година од потпишувањето на Пржинскиот договор, кој и според нас е единствена можност за излез од длабоката политичка криза во Р.Македонија.

580048_3498592895898_957611312_a

Меѓутоа, не само што нема разрешница, туку заради инертноста и несериозноста на политичките партии, кризата уште повеќе се продлабочи и прошири на полето на безбедноста со секојдневните демонстрации низ градовите на Р.Македонија, предизвикани од несреќната и наменска аболиција од претседателот Ѓорѓе Иванов, што Р.Македонија дополнително ја втурна и во уставна криза.

ВМРО-Народна партија истовремено констатира, несекојдневно теснопартиско задоволство и релаксираност кај политичките партии потписнички на договорот, од едногодишното меѓусебно надмудрување, а на штета на интересите на Р.Македонија. Тоа се гледа во настанатиот политички вакуум, каде нема никакви активности во вистинска насока за излез од кризата, што е  цел на Пржинскиот договор.

ВМРО-Народна партија повикува, овој политички вакуум да се искористи за трајно решавање на конкретно посочените задачи од договорот со нов дневен ред кој ќе утврди поединечно прецизни рокови за: целосно прочистување на Избирачкиот список, решавање на правичното медиумско претставување на партиите, одвојување на партијата од државата и отстранување на партиските притисоци во јавната администрација. Посебно ја повикуваме Државната Изборна Комисија да биде носител на овие активности во делот на надлежностите што ги има.

ВМРО-Народна партија предлага предвремените Парламентарни Избори да се одржат заедно со редовните Локални Избори, во третата недела од Март 2017 година. Овој термин е оптимален за времето кое им е потребно на политичките партии не само декларативно да се залагаат, туку вистински да ги реализираат поставените задачи.

ВМРО-Народна партија смета дека и покрај имплементирањето на горенаведените задачи, неопходно е Пржинскиот договор, Р.Македонија  да ја дефинира како една Изборна единица, со што дефинитивно ќе се создадат услови за спроведување на праведни, фер, демократски и кредибилни избори, признати од меѓународната заедница, што ќе биде можност за широка демократизација на македонското општество.


Сега е моментот да се промени Законот за избори кој е дискриминаторски во однос на малите партии

ВМРО-Народна партија во период на намалена активност на партиите во решавањето на политичката криза во Р.Македонија, верува дека се создадени поволни услови за прифатлив договор помеѓу партиите, со што ќе се донесе најдоброто решение за одржување на фер и демократски избори.

vmro_np

ВМРО-Народна партија смета дека постојниот Закон за избори е дискриминаторски во однос на малите политички партии, заради што тие се принудени да влезат во коалиција со големите партии и притоа да ги изгубат својот партиски суверенитет и идеологија.

ВМРО-Народна партија и понатаму е цврсто убедена дека само  со измена во Законот за избори каде што Р.Македонија, наместо со 6 вештачки утврдени Изборни единици, ќе се замени со една Изборна единица, претставува најсигурен пат до вистински плуралистички состав на Парламентот, со што ќе се обезбеди трајна и широка демократизација на општеството. Заради поголема ефикасност на законот да се утврдат членови со кој нема да се предвидува однапред утврден квалификациски праг за влез во Парламентот, како и да биде изрично забрането коалицирање помеѓу партиите пред избори. Ова ќе биде силен поттик за сите помали политички партии за самостојно учество на изборите.

ВМРО-Народна партија е убедена дека наредните избори спроведени според новиот закон што го предлагаме, за Р.Македонија да биде една Изборна единица, без праг и без предизборно коалицирање, во целост ќе ги задоволи општите критериуми за фер и демократски избори, во кои јасно ќе биде изразена волјата на гласачите подеднакво на целата територија на Р.Македонија.


Иванов да ги прогласи за ништовни сите меѓународни договори што ги потпишал со преференцата ПЈРМ!

ВМРО-Народна партија е воодушевена од високиот патриотски, храбар и мудар чин што претседателот Ѓорѓе Иванов го направи на заедничката фамилијарна фотографија на гала вечерата одржана по повод самитот во Истанбул кога ја пречкрта референцата ПЈРМ, театрално заменувајќи ја со Македонија и со својот потпис ја верифицира долгогодишната желба на македонците.

vmro_np

ВМРО-Народна партија го охрабрува г-динот Ѓорѓе Иванов уште поревносно и понатаму да го искажува својот патриотизам и да биде пример на сите функционери во власта, на тој начин што ќе ги прогласи за ништожни сите меѓународни договори што за своето претседателствување ги има потпишано. Во меѓувреме, комплетната дипломатска преписка и пошта што ја прима под референцата ПЈРМ да ја враќа на испраќачот.

Заради максимално комплетирање на задоволството што ни го демонстрира г-динот Иванов, потребно е само уште да ги одбие сите покани за учество на билатерални и мултилатерални средби од држави и меѓународни организации на кој стои ПЈРМ.

ВМРО-Народна партија во спротивно ќе смета дека овој поединечен акт на патриотизам е само уште едно бледо и неубедливо демонстрирање на лажен патриотизам со што сака да го сврти вниманието на јавноста од глупостите што изминатиот период ги прави во серија.


Аболираните политичари 10 години да не се занимаваат со политика

398180_300466193361437_56861209_n

ВМРО-Народна партија со големо интересирање го следи  развојот на настаните што ја одбележуваат најдлабоката политичка криза што ја зафати Р.Македонија од осамостојувањето до денес. Генерален заклучок кој произлегува од длабоките и сестрани анализи за непостигнување на договор за излез од кризата е несреќната, избрзана и самоволна одлука на претседателот Ѓорги Иванов за аболиција.

ВМРО-Народна партија од тие причини по трет пат го реафирмира предлогот за постигнување на политички договор помеѓу партиите кој ќе содржи одредба со која се предвидува аболираните лица кои ќе ја прифатат милоста од државата да немаат право 10 години да се занимаваат со политички активности и други државни функции. Останатите кои сметаат дека не се виновни, да им се овозможи низ редовна судска постапка да ја докажат својата невиност. Овој договор да се транформира во закон, веднаш после конституирањето на новиот состав на Собранието на Р.Македонија, како Закон за лустрација, што не е новост во Р.Македонија.

ВМРО-Народна партија на овој начин гледа итна разврска на оваа криза, која не само што сега ја разнебитува Р.Македонија туку и за во иднина ќе остави трајни апокалиптични состојби од кои тешко ќе се најде излез.

 


Страна 2 of 3012345...101520...последна »