До: Средствата за Јавно информирање
Предмет: Соопштение на ВМРО-Народна партија
Почитувани,
Во врска со расчистување на случајот околу трагичната сообраќајна несреќа, во која животот го загуби сопственикот на Фокус, г. Никола Младенов,
ВМРО – Народна Партија, го упатува ова Барање до надлежните институции, со кое БАРА:
– Под итно да се овозможи меѓународна независна истрага, со што би се расчистиле сите сомнежи и би се стопирале сите шпекулативни верзии за трагичната смрт на Никола Младенов.
Не е дозволиво кон целата македонска јавност и не е човечки кон семејството на Младенов , се уште и по 7 дена од неговата смрт, надлежните органи за спроведување на истрагата да молчат или да даваат оскудни информации. По што во јавноста се подгреваат разни произволни верзии и шпекулации околу овој случај.
ВМРО – НП, ценејќи го моментот во кој е случена несреќата и од почит кон новинарот Младенов, смета дека само со независна меѓународна екпертиза вистината за трагедијата ќе излезе на виделина и ќе биде прифатлива за сите. Со секаква друга постапка во овој момент смртта на бардот на македонското новинарство и еден од ретките искрени борци за демократија ќе биде обвиткана со многу сомнежи.
ВМРО НП не сака да верува дека стил на владеење на оваа власт е после секои избори да се случуваат мистериозни трагични настани со смртни последици и згаснување на медиуми.
Јасно е дека со смртта на Младенов сериозно е доведено во прашање понатамошното опстанување на дневниот Фокус, единствениот весник што не е под контола на власта.