СООПШТЕНИЈА

ОДЛУКА ДАЛИ ЌЕ ОДИМЕ НА ИЗБОРИ НА 5ти ЈУНИ ПОСЛЕ СТАВОТ НА МЕЃ. ЗАЕДНИЦА

ВМРО-Народна партија искажува сериозна загриженост од однесувањето на четирите политички партии потписнички на Пржинскиот договор во врска со утврдениот датум за одржување на предвремените Парламентарни избори, со што ќе се стави крај на длабоката политичка криза во Р.Македонија, која трае речиси две години.

vmro_np

Во овие денови кога имаме кулминација на кризата, главните политички фактори не убедуваат за тоа колку интересите на Р.Македонија се највисок приоритет за нив, а од друга страна, нивните искажани ставови и погледи околу разрешувањето на кризата, имаат печат на чисто партиски интерес.

ВМРО-Народна партија високо го цени доприносот на меѓународната заедница, која според нас, одсекогаш била конструктивна и пријателски настроена кон интересите на Р.Македонија и нивното партнерство и соработка се од голема корист за нашата држава. Убедени сме дека оваа соработка и натаму ќе продолжи и на крај ќе резултира со полноправно членство во евроатлантските интеграции на општа радост на граѓаните на Р.Македонија.

ВМРО-Народна партија заради сето ова и заради позицијата на гарант за спроведување на Пржинскиот договор, ја повикува меѓународната заедница јасно, прецизно и конкретно да го каже својот став, дали се исполнети условите за одржување на изборите на 5 јуни и дали е спремна да ги прогласи изборите за регуларни, а резултатите за легитимни.

ВМРО-Народна партија која е под силен притисок на домашната јавност за произнесување дали ќе учествува на претстојните предвремени Парламентарни избори на 5 јуни, соопштува дека својата одлуката ќе ја објави после конечно завземениот став на меѓународната заедница по ова суштествено прашање.


Остатоците на КПЈ безобзирно продолжуваат да лажат за вистински настани од минатото

ВМРО-Народна партија со внимание го проследи одбележувањето на 27 март што го организираа остатоците од КПЈ и малубројни нивни истомисленици, како првостепен настан што на тој ден 1941 год. се случил во Скопје, што наводно го организирала Комунистичката партија на Југославија за Македонија.

580048_3498592895898_957611312_a

ВМРО-Народна партија неможе, а да не се начуди, со каква жестина и упорност овие структури остануваат на својата пројугословенска ориентација и комунистичка идеологија, а притоа безобзирно да лажат за вистинските настани од тоа време и да присвојуваат нешто што не го направиле. Зарем, не ги гледаат документарните емисии на нивните омилени српски канали каде што дефинитивно се расчисти една историска заблуда за тоа кој ги организирал демонстрациите од 27 март 1941 год. во Белград.
Недвосмислено е докажано дека организатор на мартовските демонстрации биле приврзаниците на кралот Петар Караѓорѓевиќ и големосрпските националисти, за негово доаѓање на престолот и принудување на абдикација на регентот кнезот Павле. Впрочем, тоа се отсликува и од целокупната иконографија каде што доминирале натписите : ,,Да живе кралот,, ,,За кралот и татковината,, и познатиот четнички поздрав ,,Помогни боже,, како и скандирањата со уште поизразена големосрпска и четничка содржина, а ни трага од комунистичките измислени пароли, како на пример нивните омилени: ,,Подобро гроб отколку роб,, и ,,Подобро војна отколку пакт,,

ВМРО-Народна партија на крај потсетува дека најголемиот комунистички трибун во Македонија Методија Шаторов Шарло, бил прогласен за предавник покрај другото и за тоа што на тој ден не организирал демонстрации во Македонија, објаснувајќи дека е тоа чиста големосрпска манифестација за подршка на кралот и Караѓорѓевиот карактер на Југославија. Помина времето на измислици и прекројување на историјата со која го лажевте и продолжувате да го лажете македонскиот народ. Демантирани сте од таму од кај што најмалку очекувавте, односно од српските историчари.


ВМРО-НП против ригорозните казни на македонското судство

ВМРО-Народна партија перманентно укажува на крајно ригорозната казнена политика во Р.Македонија, со која се кршат основните човекови права на лицата кои се огрешиле кон законот.

grb

Лесно изречените судски пресуди на долгогодишна робија се во спротивност со законите кои предвидуваат рехабилитација на осудените и нивно повторно вклопување во општеството.

ВМРО-Народна партија реагира на вчера изречените неверојатно високи казни кои се во судир и со законските одредби за лимитирана максимална казна до 5 години на лицата кои се обвинети за организирање, регрутирање и испраќање на доброволци кои се борат во Сирија.

Зачудува фактот дека младите осудени лица кои се државјани на Р.Македонија, претходно ја признале вината и ја прифатиле спогодбата со обвинителството, а сепак се осудени повеќе од максималната со закон предвидената казна. Вака донесените високи казни кои произлегуваат од кршењето на законот што предвидува судска спогодба, ги револтира и сторителите и нивните семејства кои исто така се чуствуваат казнети.

ВМРО-Народна партија и во овој случај како и секогаш, се заложува за сериозно преиспитување на казните на овие млади луѓе, уште повеќе што со своето признание покажале и покајување за намерата која не ја оствариле. Се надеваме, дека со вакво постапување од страна на општеството кон осудените лица ќе се зајакне меѓусебната доверба за праведност, а од друга страна и одвраќање на сторителите за повторување на вакви и слични дејствија


Да му се вратат сите ингиренции на Претседателот, но да важат од 2018 година!

ВМРО-Народна партија принципиелно останува на својот став, претседателот на Р. Македонија да има суверено право да помилува осудени лица што со уставот и законите му се дадени во надлежност. Во 2009 година ВМРО-ДПМНЕ заради партиски интереси со закон во Собранието на Р.Македонија, му ги ограничи правата на претседателот на државата.

580048_3498592895898_957611312_a

ВМРО-Народна партија укажува на парадоксалната ситуација што ја имаме деновиве, истата партија преку иницијатива до Уставниот суд за оспорување на уставноста на законот што самата го изгласа, сега наменски сака да го укине, заради заштита на свои членови кои учествувале во изборните нерегуларности. Ваквата евентуална разврска во нивна корист од одлуката  на Уставниот суд, доведува до длабок сомнеж дури и до убедување дека некои нивни членови учествувале во изборни нерегуларности и сега треба со претседателско помилување да се заштитат од кривична одговорност.

Заради специфичноста на ситуацијата, ВМРО-Народна партија предлага, под услов партиите да се согласат, Уставниот суд да и ги врати правата на помилување на институцијата претседател на држава, но со важност после изборот на новиот претседател во 2018 година.

ВМРО-Народна партија доследна на своите определби повторно бара, целосна реконструкција и ублажување на севкупната казнена политика во Р.Македонија. Само со закони кои кореспондираат со Европското казнено право донесени во Собранието на Р.Македонија, ќе имаме вистинска примена на основното начело за еднаквост на сите граѓани пред судовите. Со тоа, претседателот на државата ќе биде ослободен од влијанијата на партиите, разните пријателства и роднински врски, за селективност при процесот на помилување, а на штета на праведноста.


ВМРО Народна партија се залага кон заложбите за ослободување на Љубе Бошковски

ВМРО-Народна партија се придружува кон заложбите на целата демократски ориентирана јавност за ослободување на г-динот Љубе Бошковски од понатамошно неоправдано задржување на веќе отслужената казна.

vmro_np

Бараме да се почитува основното човеково право на секој затвореник кој е осуден до 5 години казна затвор, според законот да биде ослободен 90 дена порано. Со оглед на тоа дека информациите од затворските власти кажуваат дека г-динот Љубе Бошковски примерно се однесувал, дисциплинирано и целосно го почитувал куќниот ред од установата, заслужува да биде ослободен.

ВМРО-Народна партија многу пати досега принципиелно застанала на ставот дека во Р.Македонија, казнената политика премногу е ригорозна дури во одредени случаи и сурова. Ги повикуваме и во оваа прилика сите надлежни институции што ја обработуваат оваа проблематика, веднаш и неодложно да пристапат кон темелно реорганизирање и сериозно ублажување на целокупната казнена политика, со што ќе се изедначи со стандардите и критериумите што се применуваат во земјите на ЕУ.

ВМРО-Народна партија бара подеднаков третман кон сите сторители на кривични дела предвидени со закон, а не селективен приод во зависност од тоа, дали осомничените се од власта или се од опозицијата. Во спротивно и понатаму ќе сме сведоци на тешко нарушување и загрозување на уставните права за еднаквост на граѓаните пред законите на Р.Македонија.