Соопштенија

Соопштение на ВМРО-Народна партија со целосна подршка на ЗНМ

Почитувани,

ВМРО-Народна Партија во целост се залага за демократија, деполитизација и професионалност во сите сегменти на живеење и функционирање во нашата држава.

За жал не може да се одбегне фактот дека владеачката партија на секој можен начин се инфилтрира во сите сфери на државниот систем.

Наместо преку државните институции владеачката партија да им служи на граѓаните, таа власта ја користи за целосна контрола на мислите и зборовите како и најстрого цензурирање на медиумите.

Доказ за тоа е секојдневниот притисок и контролата кој Советот за радиодифузија го наметнува врз медиумите.

ВМРО- НароднаПартија дава целосна подршка на ЗНМ во остварување на своите барања.

Би било доблесно владата на ДПМНЕ да престане да врши притисоции врз медиумите и новинарите и целосно да се посвети на креирање на политики за подобрување на животниот стандард на граѓаните на Република Македонија.

 


Соопштение по повод ребалансот на буџетот

 

Почитувани,

 

Погубните и лицемерните политики на оваа влада го загрозија животниот стандарт на граѓаните на Република Македонија и допринесоа да станеме прва земја по мизерија во светот.

Со денешното усвојување на ребалансот на буџетот во Собранието на Република Македонија парламентарното мнозинство уште еднаш ќе потврди  дека е само еден обичен инструмент во рацете на владата што е апсурдно за парламентарната демократија.

Се кратат пари предвидени за капитални инвестиции, се кратат средства предвидени за патишта, водоводи, канализации се кратат пари предвидени за образование се кратат пари од здравството односно се кратат пари од сите ставки што треба да допринесат за квалитетен живот на граѓаните на Република Македонија, но она што е интересно  не се кратат пари од сите популистички, мегаломански и расипнички проекти кои претставуваат алатка на ДПМНЕ за билдање на партискиот рејтинг.

Почитувани господа од ДПМНЕ запомнете дека средствата од буџетот на Р. Македонија се пари на сите граѓани на Р. Македонија, а не ваши партиски финансиски средства па затоа и недозволиво е да ги користите за партиски цели и зачувување на вашиот рејтинг.

Од наведеното ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА со право заклучува дека на владеачкото мнозинство не му е важен развојот на државата и благосостојбата на граѓаните туку мноу поважен им е нивниот рејтинг се со цел да продолжат да ги спроведуваат нивните погубни политики за државата. Власт која што се грижи повеќе за сопствениот рејтинг отколку за државните интереси заслужува и ќе добие еден огромен бран со што ќе замине во опозиција за да ја има можноста да одмори и да размисли за грешките што ги направила.

 

 


Соопштение по повод 1 година од последната изборна победа на ДПМНЕ и 1 година од бруталното убиство на М.Нешковски

Почитувани,

 

Денес е петти јуни, денеска е годишнина од последната победа на ДПМНЕ на избори.

Една година по изборите, односно шест години после доаѓањето на Груевски на чело на власта во Република Македонија, ја имаме следнава состојба:

– Губење на демократијата во државата,  притисоци, сеење страв, закани, уцени, тортура…

– Нефункционирање на институциите

– Сиромаштија и мизерија

– Кавги со НАТО и ЕУ, односно целосно оддалечување на државата од евроатланските интеграции

 

Почитувани, денеска е и една година од бруталното убиството на Мартин Нешковски. Сакаме да ја потсетиме македонската јавност за лицемерното постапување на МВР ден по убиството.

Имено, портпаролот на МВР Иво Котевски под директива на министерката за внатрешни работи на најлицемерен и дрзок начин се обиде да го сокрие грозоморното убиство правејќи се недоветен и соопштувајќи и на јавноста дека МВР не е запознато со таквото кривично дело.

Прашуваме, дали во МВР една година по овој грозоморен настан нешто е променето?

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди и оваа година е оценет од Комитетот за спречување на тортура и Стејт Департментот како тело кое е под директно влијание на МВР, тело кое не располага со потребната хиерархиска независност од извршната власт и непрофесионално ги врши своите задачи пробувајќи да ја минимизира вината на сторителите.

ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА искрено сочувствува со семејството Нешковски и во никој случај немаме намера политички да поентираме од нивната несреќа.

Меѓутоа ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА сериозно е загрижена за состојбите во МВР и Р.Македонија и отворено и порачуваме на владеачката структура дека будно го следиме секој нивни чекор, секоја нивна манипулација и злоупотреба на граѓаните и потенцираме дека секогаш ќе ги браниме интересите на граѓаните на оваа земја, колку тоа и да им пречи на ДПМНЕ.


Соопштение за извештајот на Стејт Департментот за состојбите со човековите права во Р. Македонија за 2011 година

Извадоци од извештајот на Стејт Департментот за состојбите со човековите права во Р. Македонија за 2011 година

• Според индикаторите на Светската банка корупцијата во владата е голем проблем.
• Корупција во судството и полицијата
• А1, Канал5, Сител беа најголеми донатори на политичките кампањи бидејки понудија абнормално поволни попусти за маркетинг
• Меѓународните набљудувачи и локалните НВО посочуваат за корупција, недостаток од транспарентност и политички притисок над полицијата.
• Неефективност на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди
• Полицијата продолжува да ги повикува осомничените и сведоците на т.н. информативни разговори без да ги информира за нивните процесни права
• Притисокот на владата врз медиумите е проблем со тенденција на раст
• Притисок врз новинарите да применуваат самоцензура
• Владата беше еден од најголемите огласувачи во медиумите, но ги фаворизираше медиумите кои ги смета за пријателски
• Постојат тврдења дека властите притвораат лица од политички причини. Притворот беше употребен како санкција во случајот со поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Георги Тренкоски
• Властите вршат заплашување и политички притисок над судската фела, несоодветното финансирање односно користење на буџетот со цел да се влијае на судството
• Училиштата се соочуваат со недостаток на средства и недоволен простор за училници
• Хендикепираните се соочуваат со дискриминација во вработувањето, образованието, здравствената заштита. Многу државни институции сеуште се физички недостапни за хендикепираните
• Социјалната помош за хендикепираните не е доволна да ги покрие тековните трошоци за живот
• Нечовечките услови во затворите остануваат загрижувачки. Според Ноемврискиот извештај на Омбудсманот во државата има 2329 затворени и притворени лица иако вкупниот капацитетот на сите установи е предвиден за 1952 лица
• Сивата економија претставува 15-40% од БДП
• Владата не презема мерки да спречи инволвирање на деца во работа под нивната минимална возраст и со тоа се инволвирани во сивата економија
• Најважен проблем со човековите права во Р.Македонија е неможноста на владата целосно да го почитува владеењето на правото, што беше отсликано со влијанието врз судството и медиумите, селективни судски постапки во однос на политичките противници, и значајно ниво на владина корупција и неказнивост на полициските пречекорувања

Почитувани,

Ова не се тенденциозни или пак партиски напаѓања на власта во Република Македонија.

Ова се цитати, и извадоци од официјалниот извештај на Стејт департментот на САД.

Овие констатации се сериозен и релевантен показател за резултатите од реформите на оваа влада.

Почитувани граѓани, ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА сериозно е загрижена за сегашноста и иднината на оваа држава. Веќе е повеќе од јасно дека политиките кои ги води оваа власт ја водат во пропаст демократијата и основните човекови права во земјава.

Овој извештај е уште еден повод да ги поттикнеме граѓаните да ги отворат очите и да не подлегнуват на медиумските манипулации од страна на мегафоните на власта, туку конечно да разберат дека целата македонска јавност е жртва на еден недемократски режим.


Страна 33 of 33« почетна...51015...2930313233