Прес конференции

Претседателот на ВМРО-НП оствари средби со жителите на Македонска Каменица

kamenica

Денес претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски оствари средби со граѓаните на општина Македонска Каменица.

Еве што тој изјави пред приситните медиуими:

1

4 3 2


ВИДЕО: Прес на претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски (13.03.2014)

20140122_132514_5

Погледнете ја прес конференцијата на претседателот на ВМРО Народна партија, г-дин Љубчо Георгиевски одржана на 13.03.2014, на која говореше за предвремените парламентарни избори 2014, како и за редовните претседателски избори истата година.

)


ВИДЕО: Прес на претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски (22.01.2014)

20140122_132511_1

Погледнете ја целосната прес конференција на Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски одржана во среда (22.01.2014), на тема „Започнувањето на преговорите на Србија за влез во ЕУ“.


ВМРО-НП: Дали Илчо Захариев се спротивстави на директивите на ДПМНЕ?

Интегрален текст од прес конференцијата одржана денес (18.04.2013) од страна на членот на ИК на ВМРО-Народна партија, г-дин Слободан Близнаковски.

vmro np pres kon

Почитувани,

ВМРО НП ја поздравува храброста и одлучноста на новиот градоначалник на Штип г-динот Илчо Захариев, кој како ниеден друг градоначалник покажа дека е вистински демократ, градоначалник на сите граѓани и собра храброст да зборува за долговите на општина Штип покажувајќи дека транспарентноста во однос на граѓаните му е еден од главните адути.

И покрај начинот на владеење на ДПМНЕ да ги прикрива долговите со кои ги задолжува граѓаните на Р.Македонија Илчо Захариев се осмели да се спротистави на партиските директиви од ДПМНЕ и против нивна волја обелодени дека општината е во лоша финансиска состојба и се соочува со енормен јавен долг.

Се поставува прашањето како ДПМНЕ планира да ги реализира ветените 10 112 проекти во предизборната кампања доколку и останатите општини во Р.Македонија се соочуваат со недостиг на финансиски средства и огромни долгови?

Г-динот Захариев прв од редовите на ВМРО ДПМНЕ констатираше и јавно порача дека лесно е да се земе кредит но го поставува прашањето кој ќе го враќа истиот?

Прашуваме дали г-динот Захариев  апелира до своите партиски авторитети да престанат со земањето кредити и непотребните задолжувања со цел спречување економска пропаст на Р.Македонија?

Ги охрабруваме сите градоначалници да направат финансиски пресек и анализа на буџетите на општините со кои раководат и јавно да ја соопштат финансиската состојба односно локалните долгови кои ги имаат општините бидејќи истите  се еден дел од јавниот долг на Р.Македонија.

Почитувани граѓани, ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА по којзнае кој пат ја прашува Владата јавно да се изјасни, дали Р.Македонија  стои гордо исправена пред бездната наречена банкрот на сите општини вклучувајќи ја и државата?


ВИДЕО: Прес на Слободан Близнаковски, член на ИК на ВМРО-НП (16.04.2013)

 Slobodan Bliznakovski

Прес конференција одржа членот на Извршен комитет на ВМРО-Народна партија и кординатор за третата изборната единица, г-дин Слободан Близнаковски поради неговото лишувањето од слобода и приведување во полициската станица во Велес на 14.04.2013. година.

Целосниот прес погледнете го во видеото:


Страна 1 of 3123