Прес конференции

ВИДЕО: Прес на Претседателот на ОК на ВМРО-НП во Битола (04.04.2013)

bitola

Денес прес одржа Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија во Битола, г-дин Невеновски кој ги повика битолчани на 7 април масовно да излезат на избори и да му стават крај на овој режим.

Погледнете ја целосната прес конференција во видеото:


Прес конференција на ОК на ВМРО-НП од Делчево (14.03.2013)

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија во Делчево, Влатко Ристов одржа прес конференција како одговор на прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ одржана на 13.03.2013 година.

Погледнете ја прес конференцијата во видеото:


Став на ВМРО Народна Партија во однос на парламентарната криза

 Почитувани,

Оваа влада, со неконтролираните и  преголеми задолжувања ја стави државата во многу сериозна опасност.

Новиот предлог буџет на владата е само потврда за лошите економски проекти финансирани од буџетот,  кој во голем дел е проектиран за непродуктивни расходи и повторно нови задолжувања.

ВМРО Народна партија апсолутно ја подржува позицијата на СДСМ, која е сериозна и конструктивна, бидејки со  амандманските  интервенции  застанаа во интерес и подршка на најранливите категории во Република Македонија.

Откажувањето од луксузите на владата е најсигурниот начин за обезбедување на редовни исплати на субвенции за земјоделците, пензии за пензионерите, социјална помош за социјалците и редовни исплати за сите буџетски корисници.

ВМРО Народна партија била и секогаш ќе биде со земјоделците, пензионерите, социјалците, со целиот  народ…

Со кратењето на 204-те милиони евра од конкретни ставки од буџетот кои ги бара СДСМ, не се крати од никого, туку напротив се крати само од нови реклами, споменици, возила и разни луксузи за владата.

Може да се крати и од многу други ставки, во кои се предвидени сомнителни проекти, но кратењето на 204 те милиони евра е најдобриот начин за компромис со цел излегување од парламентарната криза поврзана со буџетот.

И препорачуваме на  владата да покаже конструктивност и да се откаже од своите 204  милиони евра. Така ќе докаже дека е вистински загрижена за непречено донесување и функционирање на буџетот.

Погледнете ја целосната прескоконференција

 


Влада во егзил, претседател во домашен притвор

Во Македонија во последните 10 дена постои видливо и јасно кршење на Уставот на Р.Македонија, на законите на Р. Македонија и комплетно газење по достоинството на граѓаните и суверенитетот на нашата држава.

Сето тоа е пропратено и со зачестени физички инциденти во кои по правило и без исклучок е тепан Mакедонскиот народ.

Меѓуетничките односи драматично се влошуваат со тенденција да прераснат во општ хаос и да не запрат во скоро време.

ВМРО Народна партија досега со ниту една изјава, со ниту еден свој коментар се нема вклучено во оваа напната ситуација.

Но, не можеме а да не ја искажеме нашата резигнираност од молкот на македонските институции, бидејќи овој молк на Владата и Претседателот многу повеќе ги вознемирува граѓаните отколку сите случувања последниве денови.

Затоа, јавно, сакаме да го споделиме нашето чувство дека Македонија во овој момент функционира исто како владата да е во егзил, а претседателот на државата во домашен притвор.

Јавно ги повикуваме да престанат со ова кукавичко однесување и што поскоро откако ќе се вратат од егзил да започнат нормално да ги вршат своите функции и конечно да дадат јавни и јасни ставови и решенија ШТО и КАКО понатаму? Бараме да им објаснат на граѓаните на Р.Македонија дали сликата која ја имаме деновиве  по улиците ширум Македонија е слика на европска Македонија која ја посакуваме или на некоја држава од Блискиот Исток?

 


Лажните патриоти треба да си заминат

интегрален текст од пресконференција на ден 04.10.2012

Почитувани,

Владеачката ДПМНЕ со се целата пропагандна машинерија од петнижили се обидува да не убеди, колку силно го брани достоинството на македонците.

Додека ДПМНЕ најпатриотски не брани, во текот на изминатите два месеци ги дозволија и замижаа пред следниве настани:

  • Поклонување пред споменикот на борците од УЧК во Слупчане

  • Промена на имињата на училиштата во Чаир.

  • Промоција на белата книга на одбраната, на албански јазик.

  • Промена на имињата на улиците во Скопје, Струга и Гостивар.

  • Пеење на химна на друга држава во училиштето во Џепчиште.

  • Пред 3 недели почна изградбата на најголемата џамија во Скопје која е лоцирана во паркот во Чаир.

  • Обраќање пред питомците од АРМ на Албански јазик.

  • Тепање на македонски деца во училиштето Цветан Димов а откако го одбранија името, сега веќе познато како Хасан Приштина.

Е ова е бранење на интересите и достоинството на македонците по ДПМНЕ – вски начин.

Ваква пожртвуваност во одбрана на државноста и достоинството намакедонците, на вака силнен и патриотски начин,никој досега не покажал.

Господо од ДПМНЕ, аман доста не браневте, немојте да не бранитеповеќе оти навистина не можеме повеќе да го издржиме вашето бранење.

ВМРО Народна партија смета дека најголема одбрана на интересите идостоинството на македската нација е промена на оваа влада.

Па затоа отворено даваме подршка на утрешната интерпелација навладата.


Страна 2 of 3123