Прес конференции

Факти околу демогравската катастрофа во Република Македонија

Интегрален текст од прес конференцијата одржан на 02.10.2012

Почитувани,

 

Деновиве сведоци сме дека повеќе претставници на владеачката структура зборуваат за проблемот со демографската катастрофа на нашата земја.

Сакаме да потсетиме дека претседателот на ВМРО-Народна партија господинот Љубчо Георгиевски повеќе од  две години наназад отворено зборува и аргументирано предупредува за тој проблем.

Уште еднаш се потврдува правилото дека господинот Љубчо Георгиевски секогаш прв и со години пред другите ги отвара болните проблеми.

Некои ги разбираат веднаш,  некои по две години како Влатко Ѓорчев, а за жал повеќето ги разбираат откако ќе се случат.

Проекцијата на господинот Влатко Ѓорчев дека до 2050 година ке се намалеле 300 000 граѓани на Република Македонија е комплетно неточна.

Се плашиме дека од 2001 година до денес, бројот на македонците веќе е намален за над 300 000.

Вториот дел кој воопшто не го споменува ВМРО-ДПМНЕ е што во севкупната демографска катастрофа македонската нација учествува со најголем процент, и ние очекуваме 2012 година да биде првата година во која во Македонија ке се родат повеќе муслимански деца од христијански.

Третата и најголема разлика е во причините зошто ова ни се случува ?

Има вистина и во тоа дека е тренд во Европа.

Освен неохрабрувањето да се има повеќе деца, веќе масовното несклучување на брак, главната причина за падот на наталитетот кај македонската нација  е тоталната безперспективност на граѓаните а таа се рефлектира преку процесот на масовното трајно иселување.

Овие факти говорат дека ваквата состојба и понатаму ќе се влошува.

 

 


Големата лага на ДПМНЕ

Интегрален текст од пресконференција

Почитувани,

Дефинитивно ДПМНЕ мора да си оди од власт!

Големата лага конечно е разоткриена!

Лагата е ,, Ние сме подготвени да влеземе во ЕУ, но не попречува Грција

Почитувани, освен проблемот со Грција, кој што во континуитет се користи како оправдување, антидржавничката политика на ДПМНЕ е главната причина за катастрофата која ни се случува и за целиот застој во европската агенда.

После посетата на еврокомесарот Штефан Филе ДПМНЕ ја манипулира јавноста во врска со сите 5 точки од високиот дијалог:

 

1. Судство – резултат од спрегата на полицијата, обвинителство и судството е сеењето страв и тортура врз народот кои се посилни и од времињата на Сталин

2. Јавна администрација – за 6 години успеаа да ја дуплираат,  партизираат и срозат целата администрација

3. Медиуми – за каква слобода на медиуми говориме кога немаме ниту една опозициска телевизија, а советот за радиодифузија делува како општински комитет на ДПМНЕ.

4. Изборен законик и контрола на финансирање на политички партии – ОБСЕ, ОДИХР и ГРЕКО имаат постојани забелешки по однос на оваа проблематика, а ДПМНЕ ги игнорира. Парадокс е на 2.100 000 жители да имаме дури 1. 800 000 гласачи.  Парадокс е да се зборува за ревидиран избирачки список а да се биде неспособен да  се организира елементарен попис на население.

5. Економски развој и пазарна економија – економијата е егзактна наука која се заснова на бројки, а не на политичка пропаганда. Бројките говорат дека сме на светското дно на сиромаштија и мизерија во друштво со Африканските држави.

Со сиот политички и дипломатски речник на еврокомесарот Филе, тој на крај сепак ни го порача следното:

Извештајот на Европската комисија ќе биде таков каков што ќе биде,  ќе се однесува претежно на администаративните мерки во сите 5 горенаведени области и веројатно ќе биде позитивен.

НО, СЕПАК НА КРАЈОТ ОДЛУКАТА ЗА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ЌЕ БИДЕ ПОЛИТИЧКА.

Епа господо од ДПМНЕ зошто сеуште изигрувате политичари и зошто ве плаќаат граѓаните кога немате капацитет да ГИ НОСИТЕ ТОКМУ ТИЕ ПОЛИТИЧКИ ОДЛУКИ ЗА КОИ СТЕ ИЗБРАНИ ОД НАРОДОТ!  ПРИЗНАЈТЕ КОНЕЧНО, ДЕКА НЕ СТЕ СПОСОБНИ ДА ГИ ДОНЕСЕТЕ НАЈВАЖНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ОДЛУКИ. Доста ја малтретиравте администрацијата  со квази реформи господо од ДПМНЕ, вас веќе седма година ве чекаат политички одлуки кои што не знаете или не саакате да ги донесете.Останува европската комисија да анализира дали не сте способни или не сакате да бидете способни. Која и да е од овие две причини,  сериозно ја разорува Република Македонија.

 

 


Реакција на изјавите на Министерот на МТСП и Директорот на АВРМ

Почитувани,

За секоја редовна и вообичаена случка во Агенцијата и Министерството вие правите реклами, пресови, промоции, фото сесии. Вие и директорот, а сега редовно ве застапува и Владиниот портпарол да ги моли невработените да се пријават на огласите кои се редовна задача на Агенцијата, а вие веднаш од нив правите грандиозен проект.

 

Немањето интерес и неаплицирањето за т.н.проекти нека ви  биде патоказ за вашите натамошни активности, односно тоа е показател дека истите не се успешни како што милувате да кажете и да наметнете мислење, туку се само уште едно дополнително големо задолжување и финансиски проблем за  граѓаните.

Зошто не го кажете податокот колку гаранции (хипотеки и сметки на жиранти) се активирани, колку сметки на фирми се блокирани и колку бизниси не ни заживејаа како резултат на овие т.н.проекти. Граѓаните се исплашени и изморени, ама не од работа туку дали ќе ја издржат оваа голгота.

Новите измени на законот  за вработување и осигурување во случај на невработеност нема да му користат во државава никому освен вам, на Власта, за  прикажување на лажни бројки. И сите невработени лица да ги избришете од евиденција факт е дека по невработеност сме во првите пет земји во светот, тоа го покажува и анализата  на Си-ен-ен.

Не ме зачудува  загриженост на Директорот и МАРКЕТИНГ АГЕНТ на Агенцијата и неговото признание дека сме во економска криза. Исплашен е од  бранот секојдневни отпуштања на вработените од реалниот сектор кои не смее да ги прикаже во јавноста, односно ќе мора ударот да го возврати со нови бришења од списоците на невработени. Интересно, но ние од ВМРО-Народна партија не познаваме ниту едно невработено лице кое не е заинтересирано за работа, како што тој изјави, напротив нема кој и каде да им понуди соодветна работа. Ова ли е демократијата на Груевски?

 

Како лесно најавивте вработување за 135.000 млади, во време на светска економска криза, можат да ви позавидат и земјите од Европската унија. Очигледно е дека станува збор за маркетиншки трик и популизам. Признавте дека во изминативе 6 години воопшто не помисливте на младите и нивната иднина, ги принудивте егзистенција да  бараат надвор од Р.Македонија далеку од своите семејства, а досега стотина пати се пофаливте со спроведени успешни мерки за вработувања на млади невработени лица.

Граѓаните се  оние за кои постојат државните институции  и функционерите. Тие заслужуваат објаснувања и одговор на многу прашања, па  од тие причини еве по петти пат , Министре Ристовски ве повикувам на јавно соочување преку било кој медиум, со било кој водител. Во спротивно имаме право да се сомневаме дека ваша функција во Министерството е само ПОРТПАРОЛ.

 


Страна 3 of 3123