Соопштенија

Kривични пријави за МРТВ и Агенцијата за медиумски услуги, доколку не постапат законски

mk}vmron

ВМРО-Народна партија ги повикува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и МРТВ веднаш да ја променат методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување согласно изборниот законик.

ВМРО-Народна партија ќе поднесе кривични пријави на директорите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Македонската радио телевизија ако не постапат согласно членот 76а од Изборниот законик каде што јасно се дефинира дека времето за претставување на кампањите на политичките партии се одредува според резултатите од последните парламентарни избори.

Неможе агенцијата и МРТВ да го толкуваат Изборниот законик и членот 76а како што тоа нив им одговара. 


Агенцијата за медиуми не го почитува Изборниот законик

580048_3498592895898_957611312_a

Конкретната реакција се однесува на членот 76-а од Изборниот законик. Имено, во Изборниот законик во наведениот член стои дека бесплатното претставување на политичките партии на јавниот сервис МРТВ се дели во однос 1/3 на дневни настани од земјата и светот, 1/3 за претставување на кампањата на партии од власта и 1/3 за кампањи на партиите од опозицијата, при што внатре во третините времето ќе се распредели според резултатите од последните парламентарни избори.

Навистина, на седницата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги или поранешен СРД на 28.01.2014 година донесена е методологија за мониторинг на изборното медиумско претставување во која истото што го пишува во Изборниот законик е запишано и во методологијата што ја усвојува Агенцијата.

Но веќе на следната седница Агенцијата донесува методологија за измена и дополнување на методологијата каде што го менува начинот на одредување на третините што ќе ги користат партиите и вели дека не според резултатите од последните парламентарни избори како што е утврдено во Изборниот законик туку времето ќе се распредели согласно бројот на пратеничките места што го има освоено секоја партија на претходните парламентарни избори.

 И сега нам, не ни е јасно од каде го црпи правото Агенцијата да се става над Законот и над Собранието како највисок законодавен орган во Р.Македонија што го донел овој Изборен законик и од каде право на Агенцијата произволно да го толкува Изборниот законик?

ВМРО-Народна партија на претходните парламентарни избори освои близу 30.000 гласови и во македонскиот блок беше на 3-то место веднаш зад коалициите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Според Изборниот законик нам според тие резултати треба да ни припадне соодветна минутажа за бесплатно претставување на јавниот сервис, но според методологијата за измена на методологијата од Агенцијата нам не ни припаѓа ништо.

Поради ова ние жестоко ќе реагираме и до Агенцијата и до Македонската радиотелевизија и до ДИК но ќе ги запознаеме и сите релевантни меѓународни субјекти кои ги набљудуваат изборите дека еден државен орган се става над највисокиот законодавен дом во државата.


Покана за конвенцијата на ВМРО-НП на која ќе бидат преставени кандидатите за пратеници

580048_3498592895898_957611312_a

Почитувани,

Ни претставува особена чест и задоволство да ја информираме јавноста, дека во недела 06.04.2014 година во Охрид со почеток во 13:00 часот, вo центарот за култура „Григор Прличев“, ВМРО-НАРОДНА ПАРТИЈА ќе одржи Конвенција на која ќе бидат претставени сите 120 кандидати за пратеници на ВМРО-НАРОДНА ПАРТИЈА за предвремените парламентарни избори закажани за 27.04.2014 година.

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани, членови на ВМРО-НАРОДНА ПАРТИЈА и симпатизери да бидат дел од овој настан и да им дадат целосна подршка на кандидатите за пратеници на ВМРО-НАРОДНА ПАРТИЈА во Собранието на Р.Македонија.

vmro_nositeli

ВМРО Народна партија прва го објави мотото „ЕВРОПА СЕГА“ со кое ќе настапи пред гласачите, ставајќи акцент на разумноста и патриотизмот преточен во интегрирањето на Република Македонија во Европската унија и НАТО.

Носител во првата изборна едница ќе биде Слободан Близнаковски, поранешен градоначалник на општина Чаир и поранешен советник од ВМРО-НП во советот на град Скопје. За носител во втората изборна единица е Љупчо Балкоски, генерален секретар на партијата и поранешен министер за транспорт и врски.

Лидерот на партијата, Љубчо Георгиевски за првпат ќе биде носител во 3-ката, во која влегува и градот Делчево, од каде што потекнува претседателот на ВМРО Народна партија.

Носител во четвртата изборна единица ќе биде Ристо Пецев, правник од Струмица и член на ИК на партијата. Во петата изборна единица носител ќе биде Ванчо Костоски, актуелен претседател на општинскиот комитет во Охрид. За носител во шестата изборна единица е изберен Горан Лотески, актуелен претседател на општинскиот комитет во Гостивар.

 


Мотото на Иванов е плагијат, нов доказ дека е неинвентивен и безсодржаен

mk}vmron

Главното мото ‘‘Македонија во Европа‘‘ што вчера го промовираше претседателкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов е груб содржински плагијат на паролата ‘‘Европа сега‘‘ што ВМРО-Народна партија ја обзнани пред дваесетина дена. Со ова, овој кандидат уште еднаш го потврди она што и до сега ВМРО-Народна партија го тврдеше дека е неинвентивен и безсодржаен и личност која одамна го изгубила допирот со реалноста.

И да поминеме преку тоа што кандидатот Иванов ја позајмува нашата парола би сакале да го запрашаме на кој начин ќе ја внесе ‘‘Македонија во Европа‘‘ доколку во неговиот говор ја зацементира позицијата на Македонија директно кажувајќи дека ако биде избран за претседател нема да прифати никакви разговори за името. На сите ни е јасно какви се пораките од Европската унија и од НАТО и кој е условот за прием на Република Македонија во овие институции: Брз компромис со Република Грција за името и внесување на “Македонија во Европа“.

Но ова не можат да го остварат ЕПП политичари преку своите памфлети како што е господинот Иванов, затоа уште еднаш ќе потенцираме дека на Македонија и се потребни само  храбри лидери кои ќе преземат одговорност за решавање на проблемите кои се од суштински и витален интерес на државата и на Македонија да и ја донесат “Европа сега“!


За ВМРО НП нема можност за платена политичка програма на Сител и Канал 5, целиот простор бил закупен

vmro_np

ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА би сакала да ја информира јавноста дека по навременото барање за склучување договор за закупување на рекламен простор за платена политичка програма за предвремените парламентарни избори од страна на СИТЕЛ и КАНАЛ 5 телевизија добивме одговор дека  целиот простор кој бил предвиден за платена политичка програма е веќе закупен и со тоа ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА нема да има можност да се претставува по пат на платена политичка програма на СИТЕЛ И КАНАЛ 5.

ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА и покрај тоа што избори по ред е 3-та политичка партија кај македонскиот електорат со години е блокирана и игнорирана од страна на сите провладини медиуми во однос на презентирање на нашата политичка активност преку нашите  пресконференции и  соопштенија за јавноста.

Ваквата состојба може да се разгледува од повеќе аспекти, најпрво провладините медиуми предводени од СИТЕЛ и КАНАЛ 5 им ја ускратуваат можноста на македонските граѓани да бидат целосно информирани за политичките случувања на македонската политичка сцена а со тоа ги држат во заложништво и медиумска изолација.

Понатаму, не може  да ја премолчиме ниту штетата која овие медиуми инструирани од ДПМНЕ ја прават на македонската демократија, истите се директно виновни за катастрофалните оцени кои ги добиваме во извештаите на Европската комисија и Стејт Департментот за нивото на демократија и слобода на медиумите и со тоа сакајќи да се додворат на владеачката партија и нанесуваат несогледлива штета на Р. Македонија и во однос на демократските процеси ја оставаат на дното во друштво со најтоталитарните системи.

Од горенаведените причини не ја разбираме ниту пазарната логика на овие економски субјекти во нивното одбивање на заработка од платена политичка програма на една политичка партија.

Конечно, и покрај ваквата состојба ВМРО-НП се надева дека овие провладини медиуми ќе соберат сила и кај себе и ќе ги охрабрат нивните ментори во ДПМНЕ да во изборната кампања организираат ТВ ДУЕЛИ  на политичките противници од власта и опозицијата  оставајќи им можност на граѓаните преку таквите медиумски соочувања најдиректно да увидат со каков капацитет располагаат сите актери на македонската политичка сцена.


Страна 1 of 1412345...10...последна »