ОТВОРЕНО ПИСМО НА ВМРО-НП ДО ПРЕМИЕРОТ

Го прашуваме големиот менаџер Никола Груевски, дали со најавата на таканаречениот проект НОВ БРАН признава дека неуспешно менаџира со државата цели 6 години?

Дали со овој чекор одговорноста за колапсот на државата ја префрла на други, а следноит чекор ќе биде бран на кривични пријави против сменетите функционери?

Ако функционерите од вториот и третиот ешалон се заморени, како што изјави премиерот, ние сериозно сме загрижени за неговата здравствена состојба и замореност од 6 годишното негово владеење со динамика  24/7.

Го прашуваме Премиерот дали катастрофалните грешки кои  ги прави се почесто, се резултат на неговиот голем замор?  Дали премиерот нема потреба самиот тој лично да се одмори?

Никола Груевски не остави простор ниту за грам доверба, па  прашање е дали и овој пат станува збор за беден и мизерен обид за манипулација на јавноста, па преку класични попоулистички методи својствени за него и неговото владеење очајно сака да си го спаси рејтингот и срамот кој му следи.

Господине Премиер, ве прашуваме, по кој законски основ ќе ги спроведеш конкурсите, кои ги најави на кои отворено ги повика сите заинтересирани граѓани да аплицираат на истите? Многу добро знаете дека во над 90% функционерите се именуваат и назначуваат по предлог на ресорниот министер, на седница на влада, без конкурс, односно по ваша лична желба.

Приоритет на ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА  е иднината на република Македонија и нејзините граѓани, и потенцираме дека будно ќе ги следиме сите активности поврзани со проектот нов бран!