Прес на УМС на ВМРО-НП (27.04.2012)

 

Колкав е профитот од продажбата на кокаин кој завршува во редовите на власта ?

Почитувани,

ВМРО-Народна партија го поздравува признанието на директорот на полицијата дека во Република Македонија има мафија.

Го прашуваме премиерот, а воедно и директорот на полицијата да одговорат дали бројот на нарко зависници од хероин е двојно зголемен во изминатите 6 години?

Истотака ги прашуваме кај кого завршува годишниот профит кој е околу 100.000.000 евра годишно од продажба на хероин и уништување на млади животи.

Дали зголемениот број на нарко зависници коренспондира со грижата за младите кај Груевски?

Нека се изјасни премиерот што превземал во овие 6 години и што планира да превземе за да се намали овој сериозен и загрижувачки феномен, бидејќи најголемиот дел од младите ја напуштија државата поради лошата економска состојба, дел од оние што останаа посегнаа по дрогата.

Не е коректно кон граѓаните да се мафтосуваат со наводни успеси на полицијата и фаќање на десетина или дваесет килограми хероин кога наједноставните анализи укажуваат дека во Македонија годишно се трошат повеќе од три ипол тони хероин.

За крај потенцираме дека целосно се согласуваме со признанието на директорот на полицијата дека во Македонија има мафија, но нагласуваме дека во првиот момент на партиципација на нашата партија во власта ќе расчистиме и со мафијата но истотака и со оние коишто ја штителе или пак директно или индиректно ја помагале.