Соопштение по повод извештајот на Стејт Департментот за состојбата со трговијата со луѓе

Почитувани,

Вчера бевме сведоци на јавно истапување од страна на министерката за внатрешни работи и презентирање на извештајот на Стејт Департментот на САД во врска со напредокот на земјите во борбата против трговијата со луѓе.

ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА прашува зошто  извештајот на Стејт Департментот кој се однесуваше на почитувањето на човековите права во Р.Македонија и неодамна беше објавен а беше особено негативен во однос на состојбите во Македонија. Груевски го оцени како константен извештај кој го добиваат сите земји од регионот во врска со човековите права со цел да го минимизира неговото значење и да не го добие истиот публицитет како вчерашниот.

Само потсетуваме дека извештајот на Стејт Департментот во врска со состојбата со човековите права во Р.Македонија заслужуваше поголемо внимание од причина што се однесуваше на целокупната состојба со човековите права во Р.Македонија, а не за определена област како што беше извештајот во однос на трговијата со луѓе.

Македонскиот народ веќе е свесен дека само она што  одговара на владеачката структура и не штети на рејтингот на ДПМНЕ преку пропагандната машинерија  излегува во јавност, а сето она што би можело да наштети на рејтингот на режимот останува во медиумски мрак.

Патем отворено прашуваме  што се случува со питачењето, присилната злоупотреба на децата во питачење и присилна работа на истите по нашите улици кои секојдневно ги гледаме и на +40 степени и на – 20 степени целзиусови?

Какви се резултати во борбата против овие појави, дали шелтер центрите и казните променија нешто?

Почитувани г-да од ДПМНЕ овие појави не се неутрализираат со шелтер центри, репресија и казнување туку со силна економска политика и економска благосостојба која ќе допринесе до подобар живот на граѓаните и ваквите појави веќе нема да бидат секојдневие на нашите улици.