Став на ВМРО Народна Партија во однос на парламентарната криза

 Почитувани,

Оваа влада, со неконтролираните и  преголеми задолжувања ја стави државата во многу сериозна опасност.

Новиот предлог буџет на владата е само потврда за лошите економски проекти финансирани од буџетот,  кој во голем дел е проектиран за непродуктивни расходи и повторно нови задолжувања.

ВМРО Народна партија апсолутно ја подржува позицијата на СДСМ, која е сериозна и конструктивна, бидејки со  амандманските  интервенции  застанаа во интерес и подршка на најранливите категории во Република Македонија.

Откажувањето од луксузите на владата е најсигурниот начин за обезбедување на редовни исплати на субвенции за земјоделците, пензии за пензионерите, социјална помош за социјалците и редовни исплати за сите буџетски корисници.

ВМРО Народна партија била и секогаш ќе биде со земјоделците, пензионерите, социјалците, со целиот  народ…

Со кратењето на 204-те милиони евра од конкретни ставки од буџетот кои ги бара СДСМ, не се крати од никого, туку напротив се крати само од нови реклами, споменици, возила и разни луксузи за владата.

Може да се крати и од многу други ставки, во кои се предвидени сомнителни проекти, но кратењето на 204 те милиони евра е најдобриот начин за компромис со цел излегување од парламентарната криза поврзана со буџетот.

И препорачуваме на  владата да покаже конструктивност и да се откаже од своите 204  милиони евра. Така ќе докаже дека е вистински загрижена за непречено донесување и функционирање на буџетот.

Погледнете ја целосната прескоконференција