ДУИ носители на евроинтеграцискиот процес во Македонија

grb

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-Народна партија: 

Почитувани,

ВМРО – Народна партија со големо внимание ги следи иницијативите на ДУИ во последните неколку недели. Иницијативи со кои ДУИ ги презема во свои раце стратешките процеси за решавање на главните надворешни политички проблеми на Република Македонија, вклучувајќи го и проблемот со името. Со ваквите активности се профилира еден нов лик на Македонија како никогаш претходно, дека проблемите на Македонија не се само македонски туку и албански. Во ваквата нова политика на ДУИ за првпат во овие 20 години самостојна и независна Македонија, гледаме симболичен трансфер на носителот на главната политика од македонскиот блок на партии кон албанскиот блок на партии. Но, во исто време неможеме, a да не констатираме висок степен на албанска државотворност во Република Македонија.

Независно од тоа што политички-симболично Македонците од актери стануваат набљудувачи на процесот, сепак сметаме дека ДУИ креира позитивен процес за евро-атланската интеграција на Република Македонија, а ние само со жалење констатираме дека тоа не е дело на македонската владеачка партија ВМРО-ДПМНЕ.