Лустраторите го потврдија она што и беше јасно на целата јавност

 

735084_105768852949012_1128531894_n

Почитувани,

ВМРО-НП со големо изненадување го прими експресно донесениот заклучок на Комисијата за верификација на факти дека досието ,,РАШОМОН“ не треба да се разгледува од за нив оправдани причини објаснувајќи дека г-динот Драган Богдановски никогаш не бил функционер. Иако деновиве бевме сведоци на лустрирање на личности кои никогаш не биле функционери како на  пример Славко Јаневски, Томе Серафимовски и др.

Комисијата обидувајќи се да сокрие факти, имиња и личности со псевдоними блиски до владеачката структура длабоко го понижи ликот на Драган Богдановски и го фрли на маргините на најниско можно ниво прогласувајќи го за недостоен да биде лустриран, привилегија што ја имаат ,,обични административци и советници во најмали општини“.

Од друга страна нас членовите на ВМРО-НП ова не прави среќни и задоволни бидејќи со ова се докажува дека има само една и единствена вистина, а тоа е дека нашиот сегашен лидер г-динот Љубчо Георгиевски е основач на ВМРО ДПМНЕ во 1990 година.

Криењето на податоците содржани во над 10.000 страници досие што е премногу за една личност макар да се работело и за Драган Богдановски зборува многу.

Прашуваме кој се плаши од обелоденувањето на имињата на луѓето и нивната улога и цел што посебно се споменуваат токму во делот кој се однесува на настаните од времето на формирање на партијата особено ако се знае дека тој дел од досието е најобемен. Убедени сме дека македонската јавност сака да ги дознае сите личности кои криејќи се под превезот на патриотизмот се уфрлиле во партијата и се обидувале да го погазат и разнебитат светото дело на г-динот Љубчо Георгиевски во создавањето на партијата ВМРО ДПМНЕ како вистински наследник и со автентични вредности на изворното ВМРО од 1893 година.

ВМРО-НП искажува голема благодарност до Комисијата која постапувајќи на овој начин не сакајќи ја исфрли на површина вистината и ја потврди историската улога на г-динот Љубчо Георгиевски како создавач на ВМРО ДПМНЕ и независната македонска држава. Оваа вистина неможе да се сокрие не само од нас членовите на ВМРО-НП туку и од сите граѓани на Р.Македонија, современици на тие бурни времиња чии сеќавања се длабоко врежани во нивната совест и никогаш нема да исчезнат.