Љубчо Георгиевски на средба со граѓаните од Гостивар и Тетово

Денес претседателот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски и носителот од ИЕ 6, Горан Лотески остварија средби со граѓаните на Гостивар и Тетово.

20140409_180328

Во изјавата за медиумите, претседателот Георгиевски изјави дека кампањата почна со мултиетничка нетрпеливост, а партиите се обраќаат само до своите етнички групи.

– Сакаме јасно да порачаме, особено на ВМРО-ДПМНЕ, дека Македонија нема право на мултиетничка тензија и мора да се соочи со својата реалност. Од Ѓорче Петров до Ќафасан едвај 25 отсто од населението е македонско и ако некој сака да се прави патриот во Кисела Вода, Центар или во Аеродром, треба да знае дека во западна Македонија има македонско население кое живее живот на сериозно малцинство – рече Георгиевски.

Зборувајќи за економијата, лидерот на ВМРО-НП нагласи дека во периодот 1998-2002 година кога бил на власт, не била казнета ниту една фирма, а сега 100 милиони евра во буџетот се од казни на фирми и на бизнисмени.

– Еден од првите чекори што ќе ги направиме е намалување на сите финансиски казни за 70 проценти – изјави Георгиевски, кој после посетата на Гостивар, замина на средби со граѓани во Тетово.

Во видеото подолу слушнете ја изјавата на претседателот Георгиевски за медиумите: 

Фотогалерија од средбите со граѓаните во Гостивар и Тетово:

20140409_155231 20140409_155252 20140409_155255 20140409_155631
20140409_160527 20140409_160531 20140409_160545 20140409_180328 20140409_180721

20140409_181013

20140409_181025