Претседателот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски оствари средба со жителите на Ѓорче Петров

Претседателот на ВМРО-Народна партија г-дин Љубчо Георгиевски заедно со носителите на ВМРО-Народна партија за ИЕ1 Слободан Близнаковски, ИЕ2 Љупчо Балкоски, ИЕ4 Ристо Пецев, ИЕ5 Ванчо Костоски денес остварија средба со жителите на скопската општина Ѓорче Петров. 

1395974_10152294403883758_6636207634400539868_n

Повеќе од еден час жителите на Ѓорче Петров разговараа со лидерот на ВМРО-Народна партија и носителите на листи, отварајќи теми важни за напредокот на Македонија но и за нивното секојдневие. За возврат добија гаранција дека ВМРО-Народна  партија како дел од идната влада апсолутно ќе се залага за подобар животен стандард на граѓаните и целосно придвижување на Македонија кон ЕУ и НАТО.

Во своите активности и дневната агенда заедно со членовите, симпатизерите и подржувачите на ВМРО-Народна партија, дел од раководството на ВМРО-НП оствари средба со граѓани на пазарот во Ѓорче Петров,  во паркот  и ја посетија црквата ‘‘СВ. Апостоли Петар и Павле‘‘, која како што пишува на плочата на самиот влез на црквата е реконструирана и обновена токму во периодот кога премиер беше господинот Љубчо Георгиевски.

Во продолжение можете да ја проследите изјавата на претседателот на ВМРО-Народна партија. 

Фотогалерија од средбите со граѓаните во општината Ѓорче Петров:

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11