Телевизија Алфа е најголем уништувач на македонскиот идентитет

ВМРО-Народна партија смета дека уште со самото одобрување на  ревизија за приватизацијата на фирмата ,,Фершпед,, кој е можеби единствен случај во севкупната трансформација на сопственост во Р.Македонија, стана општо познато зошто тоа  е направено.

580048_3498592895898_957611312_a

На сите веднаш ни беше јасно дека раководството на ,,Фершпед,, беше уценето, во замена за позитивна судска одлука со која ќе ја сочува сопственоста на компанијата, за возврат да мора да ја отстапи телевизијата ,,Алфа,, на фирма блиска до актуелното ВМРО-ДПМНЕ.

Иако телевизијата беше продадена за повеќе од 20 пати пониска цена од реалната вредност, во ова соопштение ние нема да се занимаваме со спорните имотно-правни релации. Наша главна цел е да ја анализираме културно-образовната и музичка програма која драстично е променета откако оваа куќа стана нова вмровска телевизија.

Пред ова ,,Алфа,, беше една нормална македонска телевизија која со содржините во нејзината програма , редовно застануваше во одбрана на македонскиот идентитет, дури со некои емисии го заслужуваше епитетот на најмакедонска телевизија, а што добивме сега? Денес, кога телевизијата е целосно под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, се претвори во  центар за антимакедонска пропаганда.Таа очигледно има за цел да го избрише македонскиот идентитет, да го разори македонскиот дух, да ја уништи македонската песна, да се заборави македонскиот јазик и потполно да го затупи македонскиот народ. Сето ова во комбинација со одродувачката улога на силните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ, нашиот идентитет го прави лесен плен за големосрпските асимилаторски амбиции, кои по својата дрскост, отвореност, интензитет и експанзија не се забележани во поновата историја на овие простори.

Парадоксално е вмровците програмски да продаваат десна опција, а нивната телевизија целодневно да е преплавена со комунистичко партизански филмови со крајно левичарска идеологија. Лицемерно и срамно е вмровците од ДПМНЕ да ни кажуваат дека ревносно го бранат идентитетот од Грција, а нивната телевизија секојдневно со својата програма настојува до крај да го избрише тој ист идентитет.

ВМРО-Народна партија е огорчена и од лажниот патриотизам на  ВМРО-ДПМНЕ, содржан во нивните декларации за тоа колку се тие големи македонци. За ова, доволно е да погледнеме само дел од програмата на нивната телевизија и се ќе ни биде јасно.