Кампањите се насочени кон србоманите во ВМРО-ДПМНЕ, не кон српското малцинство во Македонија!

ВМРО-Народна партија со ова соопштение ја информира македонската јавност дека започнува две паралелни кампањи, што имаат единствена цел, одбрана и зачувување на македонскиот национален идентитет.

ad283f3d-b158-4e2f-be57-446f5fa02d0b

Кампањата ,,СТОП за српската асимилација на македонската нација,, се одвива преку билборди поставени низ Скопје, а втората кампања ,,Сакаме да слушаме македонска музика, а НЕ српски кич,, е презентирана преку фејсбук.

Со оглед дека најголем дел од провладините медиуми и портали се обидуваат да го пренасочат јавното мислење дека ова кампања е против српското малцинство во Македонија, сакаме да дадеме дополнително објаснување, за сите оние кои сакаат да ја искриват целта на нашата кампања или поради интелектуални попречености не можат доволно да ја разберат.

ВМРО-Народна партија нема ништо против српскиот народ во Србија, а уште помалку против српското малцинство кое живее рамноправно со останатите малцинства во Р.Македонија.

Оваа кампања на ВМРО-Народна партија е директно, јасно и недвосмислено насочена против македонските србомани во составот на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кои во последните години преку својата геополитичка стратегија за Балканот, преку своите медиуми и со целата културна и музичка програма, го загрозува и систематски го разорува македонскиот национален идентитет.ВМРО-НП: Кампањите се насочени кон србоманите во ВМРО-ДПМНЕ, не кон српското малцинство во Македонија!