По кои критериуми се делат средствата за обештетување на земјоделците од поплавените подрачја?

mk}vmron

ВМРО – Народна партија изразува задоволство од брзата реакција на Владата на Р.Македонија која експресно донесе одлука за 100 % обештетување на земјоделците од поплавените подрачја од Пелагонискиот регион.

Посебно сме инпресионирани од висината на средствата од над 4 милиони евра што му се доделени само на ЗИК Пелагонија што изнесува повеќе од 75 % од вкупно предвидените 6 милиони евра за сите земјоделци оштетени од поплавите во пелагонискиот регион. Со ова јасно се гледа посебната грижа на Владата за најголемиот земјоделски комбинат во Р.Македонија да обезбеди континуиран прилив на средства.

ВМРО-Народна партија е убедена дека овие над 4 милиони евра ќе бидат максимално искористени за цел што однапред се предвидени.