Предлозите на еврокомесарот Хан се решенија за излез од кризата и спас на Македонија

ВМРО – Народна партија крајно сериозно ги разгледа и анализира предлозите што ги изнесе еврокомесарот за проширување и добрососедство на ЕУ г-динот Хан, за излегување од длабоката политичка криза во Р.Македонија, со лидерите на четирите најголеми политички партии.

580048_3498592895898_957611312_a

За ВМРО-Народна партија овие предлози се апсолутно прифатливи и се совпаѓаат со нашите повеќепати јасно искажани ставови во врска со овој тежок проблем и за тоа даваме целосна подршка. Од анализата на предлозите произлегува дека г-динот Хан нема намера да ги задоволи поединечните барања на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, туку овие се решенија за излез од кризата и спас на Р.Македонија.

ВМРО-Народна партија  ја поздравува ваквата иницијатива на       г-динот Хан, бидејќи во неа се демонстрираат искрени намери да се помогне на Р.Македонија.

ВМРО-Народна партија ги повикува лидерите на најголемите политички партии да го употребат личниот легитимитет шти произлегува од нивната позиција и сами да донесат одлуки што се во интерес на Р.Македонија. При тоа, ги охрабруваме да не подлегнуваат на целосно паушални и штетни совети кои што произлегуваат од кариеристички побуди и реваншизми на дел од нивните партиски и надворешни соработници.

ВМРО-Народна партија во оваа прилика повторно бара измена во Изборниот законик, со што Р.Македонија да биде една изборна единица без никаков квалификациски праг, за што има и согласност и од други политички партии. Ова е најбрз и најлегитимен пат за излез од кризата и за понатамошно целосно демократизирање на општеството, со парламент составен од многу повеќе политички партии кои сами обезбедиле место во законодавниот дом и при тоа не го загубиле или споделиле својот партиски и програмски суверенитет, што гарантира независна и квалитетна политичка мисла