Претседателот Георгиевски демантира дека поседува хотели во странство

Како претседател на ВМРО Народна Партија, должен сум да дадам одговор за текстовите кои денеска ги пласираа одредени опозициски новинари, а во кои предмет на интерес беше наводен хотел кој јас го поседувам во странство.

Ljubco Georgievski

Сакам да ја потсетам јавноста дека еднаш на комунистичките новинари им го подарив хотелот во Порто Карас.

Сега ги повикувам да ги подготват сите документи за да им ја пренесам сопственоста на хотелот прикажан на сликите од објавените статии или било кој друг хотел на кој се сомневаат а кој јас го поседувам во странство.

Љубчо Георгиевски,

Претседател на ВМРО Народна Партија