Хари Костов е човек со минимум финансиска етика, морал и крајно лицемерие

ВМРО-Народна партија со внимание ја проследи изјавата на поранешниот министер на МВР и поранешниот премиер на Владата на РМ и сегашен директор на Комерцијална банка, г-динот Хари Костов, кој според него, заради надминување на сегашната тешка економска и политичка криза, како единствено решение предлага воведување на валутен борд во раководењето со финансиите во Р. Македонија. Зачудени сме, што го мотивирало г-динот Хари да се зафати со својата професионална работа, човекот, кој додека беше министер и премиер, кај македонската јавност остана запаметен како суров прогонител и егзекутор на се што му мирисаше на ВМРО.

vmro_np

Комисијата за финансирање и буџет на ВМРО-Народна партија го прашува, од каде му е идејата за воведување за валутен борд кога сите економски параметри и критериуми утврдени токму од Светската Банка и ММФ се во полза на успешното работење на Министерството за финансии и Владата како извршен орган. Да го потсетиме г-динот Хари Костов, дека тој едно време работеше во овие институции и нека го искористи својот авторитет да ги убеди дека не се во право за нивните оценки за Владата на Р.Македонија.
ВМРО-Народна партија е крајно разочарана, од неговата промовирана идеја, затоа што со 400 милиони евра банкарски средства од институцијата со која тој раководи е најголем подржувач на политиките на Владата од домашните инвеститори, а сега, да покаже загриженост за неговите сомнителни пласмани. Ако на ова ја додадеме и контраверзната продажба на зградата на Комерцијална банка во износ од 24 милиони евра на Владата, која во време на трансферот беше пропратена со силни реакции од јавноста заради што остави сомнеж кај граѓаните, покажува немање минимум финансиска етика, морал и крајно лицемерие од страна на г-динот Костов.
ВМРО-Народна партија предлага, доколку се воведе валутен борд, чесно и патриотски е, сите банки кои ја финансирале Владата за нејзините проекти, да отпишат 50 проценти од вкупните побарувања. Ова не е непозната мерка бидејќи со успех се применуваше од страна на банките на Грција и Кипар како допринос за разрешување на нивните финансиски дубиози.