Аболираните политичари 10 години да не се занимаваат со политика

398180_300466193361437_56861209_n

ВМРО-Народна партија со големо интересирање го следи  развојот на настаните што ја одбележуваат најдлабоката политичка криза што ја зафати Р.Македонија од осамостојувањето до денес. Генерален заклучок кој произлегува од длабоките и сестрани анализи за непостигнување на договор за излез од кризата е несреќната, избрзана и самоволна одлука на претседателот Ѓорги Иванов за аболиција.

ВМРО-Народна партија од тие причини по трет пат го реафирмира предлогот за постигнување на политички договор помеѓу партиите кој ќе содржи одредба со која се предвидува аболираните лица кои ќе ја прифатат милоста од државата да немаат право 10 години да се занимаваат со политички активности и други државни функции. Останатите кои сметаат дека не се виновни, да им се овозможи низ редовна судска постапка да ја докажат својата невиност. Овој договор да се транформира во закон, веднаш после конституирањето на новиот состав на Собранието на Р.Македонија, како Закон за лустрација, што не е новост во Р.Македонија.

ВМРО-Народна партија на овој начин гледа итна разврска на оваа криза, која не само што сега ја разнебитува Р.Македонија туку и за во иднина ќе остави трајни апокалиптични состојби од кои тешко ќе се најде излез.