Почесниот претседател на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски одржа трибина во Богданци

Според него наликуваме на држава затвор во која за да го покори владата го казнува својот народ.

„Во овој момент има 3 илјади граѓани на Република Македонија кој се осудени со казна затвор меѓутоа не можат да одат да ја ислужуваат својата казна затвор затоа што затворите се преполни. Во овој момент 200 илјади граѓани се на дадени на суд заради прекршочни пријави од типот плукнале, фрлиле цигара, запалиле цигара, земале песок од реката немале лиценца, истовариле дрва пред куќата, а тоа е казна од 500 евра“, рече Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО – Народна партија.

Според Георгиевски дојде време проблемот со името конечно да се реши, да се симнат маските, да престанат манипулациите со народот и лажниот патриотизам.

„Нема поголем патриотизам од тоа да падне оваа граница да можете слободно без пасоши да патувате, да се движите, да разменувате искуства, бизнис, трговија, разговор со македонците од другата страна, тоа е македонската цел, тоа е македонскиот патриотизам и ние сметаме дека веќе немаме време за чекање на тоа поле“, додаде Георгиевски.

Георгиевски потсети на времето кога тој беше премиер, а Македонија успешна приказна и сега може да биде рече тој, но не со оваа влада која постојано го осиромашува народот и ја задолжува државата.