ПАРТИСКИ ОРГАНИ И ТЕЛА

ВМРО-Народна партија ги има следниве партиски органи и тела:

Конгресот
Конгресот е највисок орган на Партијата кој има најголеми овластувања. Неговите овластувања се дефинирани во Статусот на Партијата.

Претседателот на ВМРО-НП
Претседателот на ВМРО-НП е политичко извршен орган на Партијата, избран од Конгресот на ВМРО-НП чии Овластувања се дефинирани со Статутот на Партијата.

Централен Комитет
Централен Комитет е највисок орган на Партијата меѓу два Конгреса,
орган во кој е поставена целата партиска инфраструктура(Извршен комитет, Општински комитет, Унија на млади сили и други помошни тела на партијата)овластувањата на Централниот комитет се дефинирани во Статутот на партијата, а неговиот начин на работа со Деловникот за работа на Централниот комитет.

Извршен комитет
Извршен комитет претставува политички извршен орган на Партијата кој го избира Централниот комитет на ВМРО-НП на предлог на Претседателот на Партијата.Овластувањата на Извршниот комитет се дефинираат со Статутот на Партијата, а неговиот начин на работа со Деловникот за работа на Извршниот Комитет.

Градски Комитет
Градски Комитет на ВМРО -НП Скопје претставува облик на организирање на членовите на партијата и начин на поврзување на општинските комитети на ВМРО-НП од подрачјето на град Скопје.
Одлуката за формирање на Градскиот комитет донесува Извршноит комитет на ВМРО-НП. Внатрешната организација и начин на работа на Градскиот комитет се уредува со Деловникот за работа на Градскиот комитет на ВМРО-НП.

Општинскиот Комитет 
Општинскиот комитет е највисок орган на Партијата на територија на општинска организација.Одлуката за формирање на општинскиот комитет донесува Извршниот комитет на ВМРО-НП. Внатрешната организација и начин на работа на Општинските комитети се уредени со Деловникот за работа на Општинските организации на ВМРО-НП.

Општински Поткомитет
Општински Поткомитет Извршниот комитет на сопствена иницијатива или на предлог на општинскиот комитет формира општински поткомитет на дел од територијата на општинскиот комитет.Внатрешната организација и начинот на работа на Општинските поткомитети се уредени со Деловникот за работа на Општинските поткомитети на ВМРО-НП.

Месен Комитет
Месен Комитет е организациона единица на територијата на една месна организација и основен облик на организирање на членовите на Партијата. Неговата работа е уредена со Деловникот за работа на местните организции на ВМРО-НП.

Унија на млади сили на ВМРО-НП
Унија на млади сили на ВМРО-НП е подмладок на ВМРО-НП. Работата на Унијата на Млади сили се регулира со деловникот за работа кој го донесува највисокиот орган на УМС, а го потврдува Централниот комитет на ВМРО-НП.
Унијата на Млади сили на ВМРО-НП е разгранета на општински и на местни комитети чија активност ја уредуваат со сопствени акти во согласност со актите на партијата.

Унијата на жени на ВМРО-НП
Унијата на жени на ВМРО-НП е асоцијација од посебен вид чија работа се уредува со деловникот за работа на Унијата на Жени кој го донесува Извршниот комитет на Партијата. Унијата на Жени е разгранета на општински комитети на Унијата на жени.

Унија на ветерани на ВМРО-НП
Унијата на ветерани на ВМРО-НП е асоцијација од посебен вид чија работа се уредува со деловникот за работа на Унијата на Ветерани кој го донесува Извршниот комитет на Партијата.

Комисии
Комисиите бројат од 10-15 члена. Извршниот комитет назначува Председатели еден или повеќе потпредседатели и секретар на комисиите.