СТАТУТ

СТАТУТ
на
ВМРО-Народна партија

1.ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

1. Со овој Статут се дефинира и утврдува политичката дејности и организациската структура на политичката партија ВМРО-Народна партија, кои се засноваат на Уставот на Република Македонинја, Законот за политички партии и другите законски и подзаконски акти со кои се регулира оваа област како облик на здружување на граѓаните, поради остварување и заштита на политички, социјални, културни права и уверувања.

2. ВМРО-Народна пaртија е политичка партија (во натамошниот текст партија) во која врз основа на принципот на слободно пристапување во рамките на уставните определби на Република Македонија, членуваат оние кои ги прифааат програмските цели и задачи на партијата.

Член 2

1. Името на партијата е: ВМРО-Народна партија.
а) Првиот дел од името, ВМРО (Внатрешна македонска револуционерна организација), ја изразува традицијата на македонскиот народ и неговиот вековен стремеж за своја слободна, суверена и независна држава, врз чија идејно-политичка борба како континуитет се изградени програмските цели и задачи на партијата.
б) Вториот дел од името, Народна партија, го означува политичкиот профил на партијата кој се базира на основните начела и начините и методите на делување на современите европски народни партии.
2. Скратеното име на партијата е ВМРО-НП.
3. Седиштето на партијата е во Скопје, на улица “Никола Вапцаров“ број 2.

Член 3

1. Партијата има својство на правно лице од денот на нејзиното запишување во Судскиот регистар.
2. Партијата е запишана во Судскиот регистар на Основниот суд Скопје 1 во Скопје, под регистарски број 135.

Член 4

1. Партијата има грб, знаме и химна.
а) Партискиот грб преставува стилизација на традиционалниот земски грб на Македонија, кој содржи лав со круна на главата во златна боја, изведен на црвено-црн штит, поделен на четири полиња. Над штитот е поставена тророга круна, а под штитот на црвена лента, со жолти букви е испишано скратеното има на партијата: ВМРО-НП.
б) Партиското знаме е со димензии 2:1 и по широчина е поделено на две еднакви полиња, од кои левото е црвено а десното црно. Тие се во форма на квадрати и нивниот сооднос е 1:1. Во средината на знамето, на спојот помеѓу црвеното и црното поле, централно е поставен партискиот грб.
в) Химната ја утврдува Централниот комитет на партијата, а химна на ВМРО-НП е “Маршот на ВМРО“, од авторот Иван Терзиев.

Член 5

1.Партијата има свои печат и штембил.
а) Партискиот печат е во форма на круг во кој е испишано името на партијата и местото на седиштето, а во средината е поставен партискиот грб.
б) Штембилот е во правоаголна форма и во него е испишано името на партијата, а во левиот агол е поставен партискиот грб.

Член 6

1. ВМРО-НП е народна партија со демохристијанска ориентација, која е основа на заедничкото дејствување на христијаните и припадниците на другите верски заедници во ВМРО-НП.
2. ВМРО-НП е одговорна кон секого кој ги почитува достоинството, слободата, љубовта кон други луѓе, љубовта кон Татковината, демократските принципи и од нив изведените вредности на партиската политика.
3.ВМРО-НП е Европска Партија, затоа што ги прифаќа европските стандарди и иднината на Република Македонија ја гледа во Европа.

2.ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Член 7

ВМРО-НП се залага за:
1. Демократски развој и социјален просперитет на Република Македонија;
2. Воздигнување на достоинството и духовните вредности на македонскиот народ, граѓаните на Македонија и македонската држава;
3. Правна држава, доследно спроведување на законите и правните процедури и самостојност во одлучувањето на судовите;
4. Пазарно стопанство и приватната сопственост, како темелни основи на економскиот систем;
5. Слободно здружување на граѓаните во партиски или непартиски организации и здруженија и за слобода на вероисповеданието, во која свештенството и верите се афтономни;
6. Слобода на говорот и печатот, спротиставување на секаков вид политичко туторство врз новинарството, цензурата, интервенционизмот во новинарските прилози;
7. Почитување на правата на етничките малцинства, спротиставување на било какви изрази на нетолеранција, шовинизам или сегрегација на полова, етничка, јазична или верска основа:
8. Обезбедување на правата на Македонците кои живеат надвор од границите на Република Македонија, согласно со Уставот на Република Македонија и меѓународните документи;
9. Градење на пријателство и добрососедство со сите соседни држави;
10. Зачленување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО;
11. Обезбедување на економска-социјална сигурност.

Член 8

1.Партијата во остварувањето на своите програмски цели и задачи делува во Република Македонија.
2.Партијата делува во согласност со актите утврдени од страна на Извршниот Комитет на ВМРО-НП и правниот поредок на односната држава.

Член 9

ВМРО-НП може да членува во странски организации и да соработува со странски политички партии.

Член 10

1. Работата на партијата е јавна.
2. Јавноста може да биде исклучена од работата на определени тела на партијата во исклучителни ситуации со одлука на истите.

Член 11

За афирмирање и остварување на програмските цели, партијата издава свое гласило.

3АЧЛЕНУВАЊЕ ВО ПАРТИЈАТА

Член 12

1. Членувањето во партијата е доброволно.
2. Член на партијата може да биде секој полнолетен граѓанин, односно државјанин на Република Македонија, без разлика на неговото национално потекло, верска определба, пол, социјален и економски статус, кој живее или работи во или надвор од Македонија, кој не е член на друга политичка партија, а кој ке даде изјава (пристапница) за членство во партиајта и ги прифака програмските определби и целите и задачите содржани во овој Статут.
3. Партијата може да има и почесни членови.

Член 13

Начинот на зачленување, правата и обврските на членовите, како и статусот на почесните членови, подетално се утврдуваат со Правилник кој го утврдува Извршниот Комитет на партијата, а го донесува Централниот Комитет на ВМРО-НП.

Член 14

1. Права, обврски и одговорност на членовите на партијата се:
а) да учествува во работата на партијата;
б) да избира и да биде избран во органите на партијата;
в) да биде информиран за активностите и дејствувањето на партијата;
г) да дава предлози за поуспешна работа на партијата
д) да се придржува до програмските документи, Статутот и другите акти на партијата.

Член 15

1. Членот сноси одговорност во случај кога активноста е спротивна на овој Статут, програмските определби, целите и задачите на партијата.
2. Начинот на постапката на утврдување на одговорноста ќе се регулираат со посебен правилник.

Член 16

Членувањето во партијата престанува со:
а) изјава за доброволно истапување од членството;
б) трајно губење на деловната способност;
в) настапување на смрт;
г) исклучување заради дејствување спротивно на Статутот, програмските документи и другите акти на партијата;
д) поради губење на државјанството на Република Македонија.

Член 16a

Со престанување на членување во партијата, на членот му престануваат и сите функции кој дотогаш ги имал во органите на партијата, комисии и тела.

4.ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА НА ПАРТИЈАТА

4.1. ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ И НАЧИН НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА МЕСТНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Член 17

1. Својата активност партијата ја остварува преку местните организации, како организациони единици врз територијален принцип.
2. Со секоја местна организација на партијата раководи и управува комитет.
3. Комитетите може да бидат;

а) месни комитети;
б) општински комитети;
в) градски комитет-Скопје.

Член 18

Критериумите за основање местни организации, составот и начинот на работата и начинот на избор на комитетите и другите органи на местните организации, се уредуваат со Деловник за работа на местните организации на ВМРО-НП, кој го донесува Централниот Комитет на партијата.

4.1.2 Месни Комитети

Член 19

1. Месната организација е основен облик на организирање на партијата.
2. Со месната организација управува Месен Комитет.
3. Одлука за негово основање и престанок донесува Општинскиот Комитет.
4. Со Месниот Комитет раководи Претседател на Месен Комитет.

Член 20

Членови на Месен Комитет се:
а) Претседател на Месен Комитет;
б) Потпретседател на Месен Комитет;
в) Секретар на Месен Комитет;
г) Касиер на Месен Комитет;
д) Координатори на избирачко место;
ѓ) Претседател на унија на млади сили од местната организација;
е) Претседател на унија на жени од подрачјето на Месниот Комитет;
ж) Претставник на унија на ветерани од подрачјето на Месниот Комитет;
з) Други членови делегирани од секоја населба, односно населено место доколку месната организација ја сочинуваат членови од повеќе населби односно населени места.

Член 21

4.1.2.2. Цели и задачи

Цели и задачи на Месниот Комитет се:
а) Разгледува прашања од значење за Месниот Комитет;
б) Спроведува одлуки,ставови и заклучоци на Општинскиот Комитет;
в) Создава услови за зачленување на нови членови;
г) Донесува заклучоци и завзема ставови;
д) Води записник за седниците,го доставува до Општинскиот Комитет;
ѓ) Врши и други работи што ке му ги довери Општинскиот Комитет.

4.1.3. Општинските Комитети

Член 22

1. Општинската организација на ВМРО-НП претставува облик на организирање на членовите на ВМРО-НП и начин на поврзување на месните организации од подрачјето на општината.
2. Со општинската организација управува Општински Комитет.
3. Одлука за основање и престанок на Општинската организација донесува Извршниот Комитет на партијата.
4. Со општинската организација раководи Претседател.

Член 23

Членови на Општинскиот Комитет се:
а) Претседател на Општинскиот Комитет;
б) Членови именувани од извршниот комитет на партијата;
в) Членови на ЦК;
г) Претседателот на Општинскиот Комитет на унија на млади сили на
ВМРО-НП;
д) Претседателот на Општинскиот Комитет на унија на жени на ВМР-НП;
ѓ) Претседателот на унија на ветерани на ВМРО-НП;
е) Секретарот на Општинскиот Комитет;
ж) Касиерот на Општинскиот Комитет;
з) Градоначалникот на општината;
ѕ) Координатор на советничката група;
и) Пратениците избрани во Собранието на Република Македонија од подрачјето на Општината.

4.1.3.1.Цели и задачи

Член 24

Цели и задачи на Општинскиот Комитет се:
а) Донесува програма за работа на Комитетот;
б) Поднесува годишен извештај за остварување на програмата на Општинскиот Комитет;
в) Донесува Буџет;
г) Донесува периодична и годишна сметка и ги доставува до Секретарот на партијата во законски предвидениот рок;
д) Донесува одлуки за трошење на средствата од буџетот на Општинскиот Комитет;
ѓ) Отвара жиро сметка;
е) Униите и асоцијациите на ВМРО-НП се должни еднаш годишно или на барање на Општинскиот Комитет да поднесат извештај за својата работа;
ж) Зазема ставови за идејно-политичка активност на членовите и Месните Комитети и го насочува нивното дејствување кон суштествените идејно-политички прашања од интерес на партијата;
з) Создава услови со кои се обезбедува сестрано вклучување и постојано ангажирање на сите членови на подрачјето на општината;
ѕ) До кадровската комисија предлага кандидати за избор на градоначалник и советници;
и) На предлог од претседателот на Општинскиот Комитет, Општинскиот Комитет избира и разрешува координатор и заменик координатор на Советничката група со мнозинство гласови од вкупниот број на членови;
ј) На предлог од претседателот на Општинскиот Комитет, Општинскиот Комитет назначува лице одговорно за односи со НВО, здруженија на граѓани и асоцијации;
к) Го насочува дејствувањето на советниците кога предмет на расправа на седниците на Советот на општината се значајни прашања со цел да се изгради единствен став;
л) Претресува прашања што се од суштинско значење на Партијата и дава предлози за нивно разгледување пред повисоките органи на Партијата;
љ) Донесува одлука за основање на Месен Комитет во која се дефинирани населените места кои го опфаќаат Месниот Комитет, седиштето на Месниот Комитет и името на Месниот Комитет;
м) Донесува одлука за спроведување за избор на Месен Момитет;
н) Ги верификува мандатите на претседателите на Месните Комитети;
њ) Може да разреши претседател на месен комитет согласно одредбите од Деловникот за работа на Месните Комитети;
о) Основа комисии и други работни тела.

4.1.4. ГРАДСКИ КОМИТЕТ

Член 25

1. Градската организација на ВМРО-НП Скопје претставува облик на организирање на членовите на партијата и начин на поврзување на Општинските Комитети на ВМРО-НП од подрачјето на град Скопје.
2. Со Градската организација управува Градски Комитет.
3. Одлука за основање и престанок на градската организација донесува Извршниот Комитет на ВМРО-НП.
4. Со Градската организација раководи претседател.

Член 26

Членови на Градскиот Комитет се:
а) Претседателот на Градскиот Комитет;
б) Потпретседателот на градскиот Комитет;
в) Членови именувани од Извршниот Комитет на партијата;
г) Претседателите на Општинските Комитети на општините: Гази Баба, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Центар, Чаир, Ѓорче Петров, Сарај и Шуто Оризари;
д) Секретарот на Градскиот Комитет;
ѓ) Претседателот на Градскиот Комитет на унија на млади сили;
е)Претседателот на Грасдскиот Комитет на унија на жени;
ж) Градоначалникот на Скопје;
з) Координаторот на советничката група во советот на Град Скопје.

4.1.4.1.Цели и задачи

Член 27

Цели и задачи на Градскиот Комитет се:
а) Донесува програма за работа на Градскиот Комитет;
б) За својата работа најмалку еднаш годишно поднесува извештај до Извршниот Комитет;
в) Ја координира и усогласува работата на Општинските Комитети од подрачјето на Градот Скопје, во согласност со Законот за Градот Скопје и Законот за локална самоуправа;
г) Зазема ставови за определени прашања од интерес на градот и општините од подрачјето на градот;
д) дава насоки за единствен настап на советниците во советот на град Скопје;
ѓ)Составува детален извештај по спроведени локални избори и задолжително изготвува извештај за постигнатиот успех на кандидатите од другите политички партии;
е) Врши и други работи што ке му ги довери Извршниот Комитет на ВМРО-НП.

5.ОРГАНИ НА ПАРТИЈАТА

Член 28

Органи на партијата се:
а) Конгрес;
б ) Претседател;
в) Централен Комитет;
г) Извршен Комитет;
д) Статутарна комисија;
ѓ) Комисија за надзор над материјално-финансиското работење.

а) Конгрес на партијата

1. Конгресот е највисок орган на партијата.
2. Конгресот може да биде редовен или вонреден.
3. Редовниот Конгес се одржува на четири години.
4. Одлука за свикување на редовен Конгрес донесува Централниот Комитет, најмалку три месеци пред одржувањето на конгресот.
5. Барање за свикување вонреден Конгрес можат да поднесат една половина од вкупниот број на членови на Централниот Комитет.
6. Претседателот е должен во рок од 10 дена од поднесувањето на барањето да свика Седница на Централниот Комитет која се одржува најдоцна 20 дена од поднесувањетоа на барањето.
7. Одлука за одржување на вонреден Конгрес се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Централниот Комитет.
8. По донесувањето на одлуката на Централниот Комитет за одржување на вонреден Конгрес тој се одржува во рок од 30 дена.
9. Конгресот го сочинуваат најмалку 250 делегати, а Централниот Комитет ги определува критериумите за распределба на делегатите.
10. Конгресот мозе да работи ако се присутни најмалку две третини од вкупниот број делегати.
11. Мандатот на делегатите на конгресот трае четири години односно до одржувањето на редовниот Конгрес.

Член 29

Конгресот:
а) донесува Деловник за работа;
б) избира Комисија за верификација на мандатот на делегатите на конгресот и ги верифицира нивните мандати;
в) донесува програма и програмски документи;
г) донесува и менува Статут;
д) разгледува и усвојува Извештај за материјално-финансиско работење на партијата;
ѓ) избира претседател на партијата;
е) избира Статутарна комисија;
ж) избира Комисија за надзор над материјално-финансиското работење на партијата;
з) избира други Комисии и тела, и
ѕ) донесува одлуки и други акти.

б) Претседател на партијата

Член 30

1. Претседателот на партијата е политичко-извршен орган кој го избира
Конгресот со тајно гласање.
2. Мандатот на претседателот трае 4 години.
3. Кандидат за претседател можат да предложат најмалку една десетина (1/10) од вкупниот број делегати на конгресот.
4. За претседател на партијата е избран кандидат кој добил мнозинство гласови од вкупниот број делегати.
5. Aко во првиот круг ниту еден од кандидатите за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.
6. На повтореното гласање, за претседател на партијата е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од делегатите кои гласале, доколку гласале повеќе од половина делегати.
7. Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добие потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.
9. Начинот на кандидирање и постапка за избор се утврдува со Деловникот за работа на Конгресот.

Член 31

Претседателот:
а) ја преставува и ја застапува партијата;
б) ги координира и претседава со седниците на Централниот Комитет, Ивршниот Комитет, Годишното Собрание и Политичкиот совет;
в) спроведува политички и други одлуки во име на партијата;
г) се грижи за спроведување на програмата, и другите акти на партијата;
д) склуцува договори и потпишува акти и други документи согласно Програмата и Статутот на ВМРО-НП;
ѓ) донесува одлука за назначување потписници на жиро-сметката на партијата;
е) предлага избор и разрешување на потпретседатели и генерален секретар на партијата;
ж) предлага избор и разрешување на членови на Извршен Комитет:
з) може да запре извршување одлуки и други акти на Извршниот комитет и на другите органи и тела на партијата и за тоа го известува Централниот Комитет;
ѕ) за својата работа поднесува извештај пред Централниот Комитет еднаш годишно.

Член 31a

На претседателот на партијата функцијата му престанува по негово барање, со поднесување оставка и во случај на престанување на членување во партијата утврдено во член 16 во овој Статут.

Член 31б

До изборот на нов претседател на Партијата на редовен или вонреден Конгрес, функцијата ”претседател на партијата” со сите права и обврски утврдени во член 31 од Статутот на ВМРО-НП ќе ги извршува в.д. претседател избран од половина од членовите на ЦК на ВМРО-НП, на предлог на мнозинството од членовите на ИК на ВМРО-НП.

в) Централниот Комитет на партијата

Член 32

1. Централниот Комитет е највисок орган помеѓу два конгреса.
2. Мандат на Централниот Комитет трае 4 (четири) години.
3. Членови на Централниот Комитет се:
а) претседателот;
б) потпретседателот;
в) секретарот на партијата;
в1) почесниот член;
г) претседателот на Градскиот Комитет-Скопје;
д) претседателите на Општинските Комитети;
ѓ) именуваните членови од Извршниот Комитет;
з) претседателот на Политичкиот совет;
ѕ) претседателот, потпретседателот и секретарот на Унијата на млади сили;
и) претседателот и секретарот на унија на ветерани;
ј) претседателот, потпретседателот и секретарот на Унијата на жени; и
к) Пратеничката група на ВМРО-НП.

Член 33

Централниот Комитет:
а) удврдува предлог програма и Статут;
б) избира и разрешува потпретседатели, генерален секретар на партијата и членови на Извршниот Комитет на партијата;
в) се грижи за реализирање на задачите утврдени на конгресот;
г) удврдува идејно-политички задачи;
д) го разгледува и усвојува годишниот извештај на Извршниот Комитет;
ѓ) дава иницијативи за разгледување на определени прашања на Конгресот;
е) дава политички насоки за делување на комитетите;
ж) врши верификација на мандатите на членовите на Централниот Комитет;
з) одлучува за соработка и за заеднички настап со други политички партии;
ѕ) удврдува критериум и избира кандидати за пратеници;
и) го усвојува годишниот извештај за финансиското работење на партијата;
ј) врши измени и дополнување на статутот помегу два конгреса;
к) на предлог на претседателот на партијата, формира организационен одбор и други тела за подготовка за конгрес;
л) донесува деловник за својата работа;
љ) донесува деловник за работата на Општинските Комитети и Месните организации;
м) донесува одлука и други акти од својата надлежност; и
н) формира и други комисии и тела:

Член 34

1. Централниот Комитет работи на седници.
2. Седниците на Централниот Комитет ги свикува претседателот на партијата.
3. Седниците се одржуваат по потреба, но најмалку еднаш на три месеци.
4. Покана за седница се испрака на сите членови на Централниот Комитет по правило 10 дена пред одржувањето на седницата.
5. По исклучок, во итни случаи, претседателот може да свика седница на Централниот Комитет во рок покус од 5 дена, а дневниот ред да го предложи на самата седница.
6. Во случај на подолготрајна спреченост на претседателот на партијата седница на ЦК на ВМРО-НП може да се свика на барање на ИК на ВМРО-НП доколку одлуката за свикување ја донесе половина од членовите на ИК на ВМРО-НП.

г) Извршен Комитет на партијата

Член 35

1. Извршниот Комитет е политичко-извршен-орган на Централниот Комитет, чиј број на членови се утврдува со одлука за негов избор.
2. При донесувањето на одлуката за избор на членови на ИК, претседателот на партијата при предлагањето на членовите на ИК ќе води сметка да предложи најмалку еден член од секоја изборна единица.
3. Извршниот Комитет делува врз основа на политичките насоки, заклучоците и задачите на Централниот Комитет и на претседателот на партијата.
4. Работата и активностите на Извршниот Комитет ги координира претседателот и потпретседателите на партијата.

Член 36

1. Извршниот Комитет работи на седници.
2. Седниците ги свикува, со нив раководи и претседава претседателот на партијата.
2а. Во случај на подолготрајно несвикување на седниците на Извршен Комитет од страна на претседателот на партијата, седница на Извршен Комитет може да свика и на иницијатива на половина од членовите на ИК на ВМРО-НП
3. Извршниот Комитет за својата работа одговара пред Централниот Комитет и претседателот на партијата.

Член 37

Извршниот Комитет:
а) донесува Деловник за својата работа и деловници за работаста на униите, комисиите, асоцијациите и политичкиот совет на ВМРО-НП;
б) донесува одлука за основање на Градски Комитет-Скопје, Општинските Комитети, унии, форуми и асоцијации;
в) го утврдува предлогот на годишниот извештај за финансиското работење на партијата и усвојува финансиски план и пресметка за наредната година;
г) именува и разрешува претседател на Градскиот Комитет-Скопје и претседатели на Општинските Комитети;
д) усвојува предлози за именување и разрешување на членови во Градскиот Комитет-Скопје и на Општинските Комитети, доставени од градскиот односно Општинските Комитети;
ѓ) именува и разрешува оперативни координатори на региони;
е) донесува одлуки за бројот и составот на регионите;
ж) врши избор на претседатели на униите, комисиите, асоцијациите, форумите и Политичкиот Совет;
з) донесува правилник за утврдување на одговорноста на членовите на партијата и дисциплинската постапка;
ѕ) основа дисциплинска комисија која одлучува во втор степен;
и) основа други комисии и тела;
ј) донесува одлуки, заклучоци и други акти;
к) на предлог на претседателот, донесува одлука за ангажирање на повремени советници на Извршниот Комитет;
л) меѓу двата конгреса му предлага на Централниот Комитет избор и разрешување на членови на Статутарната Комисија и Комисијата за надзор на метеријалното-финансиското работење на партијата;
љ) утврдува термин за одржување на Годишното Собрание.

Член 38

Извршниот Комитет може да запре извршување одлуки и други акти на Општинските Оомитети и на Градскиот Комитет-Скопје, на униите, форумите и асоцијациите, доколку се во спротивност со програмата и Статитот на партијата.

д) Потпретседател на партијата

Член 39

1. На предлог на претседателот на партијата, Централниот Комитет, со мнозинство гласови од вкупниот број членови, избира и разрешува потпретседатели на партијата.
2. Мандатот на потпретседателот трае четири години.
3. Изборот и разрешувањето на потпретседателот се врши со тајно гласање.
4. За својата работа, потпретседателите одговараат пред Централниот Комитет, пред претседателот на партијата и пред Извршниот Комитет.
5. Потпретседателите се членови на Извршниот Комитет.

Член 40

Потпретседателите вршат работа од делокругот на претседателот на партијата што тој ке им ја довери со посебно овластување.

ѓ) Секретар на партијата

Член 41

1. На предлог на претседателот на партијата, Централниот Комитет со мнозинство гласови од вкупниот број членови, избира и разрешува секретар.
2. Изборот и разрешувањето на секретарот се врши со тајно гласање.
3. Мандатот на секретарот трае четири години.
4. За својата работа, секретарот одговара пред Централниот Комитет, пред претседателот на партијата и Извршниот Комитет,
5. Секретарот е член на Извршниот Комитет.

Член 42

1. На предлог на секретарот, Извршниот Комитет назначува и разрешува потсекретари кои вршат работи од надлежност на секретарот, кои тој ке им ги довери со посебни упатства.
2. Потсекретарите за својата работа одговараат прет секретарот на партијата и пред Извршниот Комитет.

Член 43

Секретар на партијата:
а) учествува во работата на Централниот и Извршниот Комитет;
б) ја води и организира архивската евиденција и документација на партијата;
в) го организира подготвувањето на седниците на Централниот Комитет, Извршниот Комитет, Годишното Собрание и други седници на органите на партијата;
г) ја следи и координира работата на Општинските Комитети и Градскиот Комитет-Скопје;
д) го евидентира и следи извршувањето на оперативно-политичките ставови, одлуките и заклучоците на органите и телата на партијата;
ѓ) ја организира административната подготовка на Конгресот; и
е) врши други работи што ке ги добие како задачи од претседателот на партијата, Централниот Комитет и Извршниот Комитет.

е) Статутарната комисија

Член 44

1. На предлог на претседателот на партијата, Конгресот избира Статутарна Комисија.
2. Статутарната Комисија го Изработува Статутот и врши толкување на неговите одредби.
3. Статутарната Комисија се состои од: претседател, потпретседател и пет членови.
4. Мандатот на Статутарната Комисија трае 4 години
5. Статутарната Комисија донесува Деловник за својата работа.

ж) Комисија за надзор над материјално-финансиско работење на партијата

Член 45

1. На предлог на претседателот на партијата, Конгресот избира Комисија за надзор над материјално-финансиско работење на партијата (натаму:надзорна комисија).
2. Надзорната комисија се состои од претседател и двајца членови.
3. Мандатот на членовите на надзорната комисија трае 4 години.
4. Надзорната комисија донесува Деловник за работа.

6.ИЗБРАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО НА Р.МАКЕДОНИЈА И ВО СОВЕТИТЕ НА ОПШТИНИТЕ И НА ГРАДОТ СКОПЈЕ

а) Пратеничка група

Член 46

1. Пратениците на ВМРО-НП во Собранието на Република Македонија, претставуваат пратеничка група на ВМРО-НП.
2. Пратеничката група е должна своето дејствување и настапи во Собранието на Република Македонија да ги врши во согласност со Статутот на партијата, за таа цел е должна да врши координации со органите на партијата.
3. Работата на пратеничката група и изборот на координатор и негов заменик се регулира со посебен деловник за работа.

б)Советнички групи

Член 47

1. Советниците на ВМРО-НП во советите на општините и на Град Скопје претставуваат советнички групи на ВМРО-НП.
2. Советничките групи се должни своето дејствување во советите да го вршат во согласност со Статутот на партијата и за таа цел вршат координации со Општинските Комитети, односно со Градскиот Комитет и со органите на партијата.
3. Работата на советничките групи и изборот на координатор и негов заменик се регулира со посебен деловник за работа.

7. МЛАДИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

Член 48

1. Партијата основа малдинска организација.
2. Одлука за основање на младинската организација донесува Конгресот на партијата.
3. Името на младинската организација е Унија на млади сили на ВМРО-НП (во понатамошниот текст УМС на ВМРО-НП).

Член 49

1. УМС делува врз основа на политичките насоки определени од програмата и Статутот на партијата.
2. УМС донесува Деловник и други акти со кои се уредува организационата поставеност и начинот на делување.
3. Деловникот на УМС го утврдува Централниот Комитет на партијата .
4. УМС на ВМРО-НП за својата работа одговара пред Централниот Комитет, Претседателот на партијата и Извршниот Комитет.

8. УНИИ,ФОРУМИ И АСОЦИЈАЦИИ

Член 50

1. Партијата основа унии, форуми и асоцијации:
а) Унија на жени на ВМРО-НП;
б) Унија на ветерани на ВМРО-НП;
в) Форуми на ВМРО-НП;
г) Политички совет на ВМРО-НП;
2. Одлука за нивно основање донесува Централниот Комитет.

Член 51

Начинот на организирање на униите, форумите и асоцијациите на партијата се уредуваат со посебни деловници.

9.ФИНАНСИРАЊЕ

Член 52

1. Средства за свое дејствување партијата обезбедува од чланарина, прилози, кредити, подароци, донации, легати и дотиции од буџетот на Република Македонија во согласно со Законот за политички партии, како и другите финансиски прописи.
2. За време на одржување на изборите, средства од поединечните подароци прилози и донации од правните и физичките лица, според износите предвидени со Законот се издвојуваат на посебна сметна за изборен фонд.

Член 53

1. Изворите на приходите на партијата се јавни.
2. Изворите на финансиските средства и нивните расходи се утврдуваат со годишниот буџет на партијата .
3. За изворите на приходите и расходите на средствата се води книговодсвена евиденција.
4. Надзорот на материјално-финансиското работење на партијата го врши Надзорната комисија.

Член 54

1. Овластени лица за потписници на жиро сметка на партијата се:претседателот, потпретседателот и секретарот на партијата.
2 Претседателот со одлука мозе да назначи и други потписници на жиро-сметката.
3. Во текот на годината Извршниот Комитет може да врши изменување и дополнување на буџетот.

10. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ

Член 55

Во случај на војна, воена опасност или вонредна состојба во државата, кога објективно е невозможна работата на Конгресот, Централниот Комитет и Извршниот Комитет, кога условите бараат итно решавање на одредени прашања од интерес на партијата, нивните надлежности ги зема претседателот на партијата.

11.ПРЕСТАНОК НА ПАРТИЈАТА

Член 56

Партијата престанува со работа:
1. Кога бројот на членови ке се намали под законски определениот број за нејзино постоење;
2. Кога ке настапи законски основ за престанок на работата на партијата утврден од надлежен суд,односно од Уставниот суд на Република Македонија; и
3. Кога Конгресот на партијата ке донесе одлука за нејзин престанок.

Член 57

Во случај на престанок на партијата,нејзиниот имот преминува во сопственост на Македонската православна црква.

12.ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 58

Прашањата што не се уредени со овој Статут, Централниот Комитет ќе ги регулира со посебни акти и одлуки, во согласност со Уставот, законите и овој Статут.

Член 59

Органите на партијата ке ги донесат актите утврдени со овој Статут во рок од шест месеци од денот на неговото влегување во сила.

Член 60

Предлог за изменување и дополнување на Статутот на ВМРО-НП мозе да поднесат; Централниот Комитет, претседателот на партијата, Извршниот Комитет и Статутарната Комисија.

Член 61

1. До конституирање на Централниот Комитет и изборот на Извршен Комитет, активностите на ВМРО-НП ке ги координира основачкиот одбор на партијата, односно претседателот на основачкиот одбор.
2. Рокот за конституирање на Централниот Комитет и изборот на Извршниот Комитет не може да биде подолг од 12 месеци од денот на влегување на сила на овој Статут.
Член 62

Овој Статут стапува на сила на неговото донесување на конгресот на партијата.